Драги студенти,
Во процесите на глобализација, демократските општества се иманентни при откривањето начини за стекнување релевантни информации и нивна употреба, а во функција на просперитет, развој и трансмисија на знаењето во нови достигнувања.
Низ академските програми, коишто кореспондираат со развојните трендови во земјата и надвор од неа, Економскиот факулетет во Прилеп Ви го нуди сопственото искуство во преносот на знаење што ќе можете да го имплементирате при исполнувањето на Вашите професионални амбиции.
Наша цел е да ве научиме да станете успешни во имплементирањето на економското знаење во сè поизразените компетитивни услови. Добредојдовте!
МИСИЈА
Нашата мисија е да ги едуцираме студентите во областите од економија и бизнис, да понудиме висококомпетитивни и професионално-ориентирани образовни програми, но и да го одржиме високиот квалитет на содржината во наставните програми.
Исто така, наша цел е студентите да стекнат знаења со коишто ќе можат поуспешно да одговорат на предизвиците и барањата од современиот свет.
Што конкретно Ви нуди Економскиот факултет - Прилеп?
Факултетот ви нуди шест современи студиски програми организирани во два циклуса, дизајнирани според европските стандарди во високото образование. Секоја од овие студиски програми обезбедува соодветна специјализација во определена област на економијата и бизнисот, и едукација на профил на кадар во согласност со апсорпциската моќ и потребите на пазарот на работна сила во Република Македонија. Во зависност од Вашите афинитети и визии за иднината, можете да изберете една од следните студиски програми:
• Бизнис администрација - менаџмент (3+2) – оваа студиска програма обезбедува стекнување знаења со кои ќе бидете способни успешно да менаџирате со бизнис операциите;
• Сметководство, финансии и ревизија (4+1) – оваа студиска програма ви нуди квалитетни и практично применливи знаења, доколку сакате да станете стручњак за финансии , сметководство и ревизија;
• Меѓународна економија и бизнис (4+1) – оваа студиска програма ќе ве специјализира во областа на меѓународната трговија и финансии со што успешно ќе се вклучите во меѓународниот бизнис и меѓународните економски односи;
• Маркетинг менаџмент (4+1) – оваа студиска програма ќе ви понуди знаења и вештини коишто ќе ве оспособат успешно да менаџирате со маркетинг активностите во компаниите;
• Бизнис информатика (3+2) – оваа студиска програма нуди знаења за примена на современите информациски технологии во управувањето и оптимизирањето на бизнис процесите;
• Финансиски менаџмент (3+2) – оваа студиска програма нуди знаења од областа на управувањето со финансиските ресурси во компаниите.
Кои се нашите перформанси?
• акредитирана високообразовна институција
• воведен и имплементиран - ЕКТС
• квалитетен и докажан наставно-научен кадар
• современа организација на наставата и целокупното работење на
Факултетот
• современи амфитеатри и предавални со извонредни услови за
изведување настава со квалитетна компјутерска и аудио-визуелна
опрема, со капацитет од 1800 седишта
• модерен компјутерски центар со интернет пристап, со 90
компјутерски седишта и три работни простории
• просторија со видеоконференциска опрема
• богата библиотека и пространа читална
• развиена меѓународна соработка и ангажирање на визитинг
професори од странство
• интернет клуб за потребите на студентите
Што уште ви нудиме?
• можности за учество во конкретни научноистражувачки проекти;
• меѓународна размена на студенти;
• организирање професионален развој и денови на кариера;
• практична работа за студентите;
• можности за учество на студентите во меѓународни летни школи,
економијади и сл.
• наградување на најдобрите студенти
Почетна
Мапа на сајтот