За нас

Проширувањето и интензивирањето на соработката со бизнис заедницата претставува суштинска компонента на стратегиската ориентација на Економскиот факултет – Прилеп за динамично прилагодување и креативна партиципација во процесите на економскиот развој на Република Македонија. Трансферот на знаење, креирањето профитабилни можности, размената на солидни практики и искуства, како и развивањето алтернативи за поблиска соработка и решавање на заедничките проблеми ја иницираа потребата од создавање широка платформа на долгорочни партнерства меѓу Факултетот, деловните субјекти, бизнис асоцијациите, како и приватните, и јавните институции и организации. Составен дел на иницијативите на Факултетот за ефикасно прилагодување кон динамиката на промените во окружувањето и модернизација на едукативната понуда со нови содржини, методи и пристапи е етаблирањето на Центарот за перманентно професионално усовршување.

Визија

 Визијата на Центарот за обуки и кариерен развој е, преку перманентна едукација, унапредување и усовршување на знаењата, да креира широка платформа за партнерство и заемна соработка со деловните субјекти. 

 

Мисија

 Мисијата на Центарот за обуки и кариерен развој е да обезбеди континуирано задоволување на потребите на бизнис заедницата, приватните и јавните институции и организации за стекнување  нови знаења, техники и вештини за поефикасно да одговорат на  предизвиците со коишто се соочуваат  во извршувањето на дејноста.

 

Принципи

 Основните постулати за функционирање на Центарот за обуки и кариерен развој ќе бидат професионалноста, актуелноста и квалитетот на понудените содржини. Во таа насока, Центарот ќе обезбедува иновативна понуда на едукативни содржини, усогласена со современите потреби и интереси на учесниците.

 

Програмски активности на Центарот

 Центарот ќе нуди услуги на голем број заинтересирани страни: поединци, деловни субјекти, институции и сл., коишто во текот на своето работење се среќаваат со различни економски, бизнис или менаџмент проблеми и предизвици, така што имаат потреба од примена на нови и актуелни знаења и техники. Токму оттука, основниот предизвик на Центарот, секогаш, ќе биде да понуди иновациски содржини, преку наметнување идеи за разрешување на тековните и актуелни проблеми и прилагодување на содржините според потребите на оние за коишто  ќе бидат наменети. Тоа значи дека Центарот, следејќи ги актуелните трендови, ќе нуди професионални, квалитетни, но и прилагодени програми за стручно усовршување и консултантски услуги, креирани врз основа на конкретни преференции и потреби. Понудените содржини  во целост ќе одговораат на потребите на компаниите, бидејќи  ќе бидат спој на искуство, стручност и теоретска издржаност, од една страна, како и применливост во определено реално окружување и деловни ситуации, од друга страна. Оттука произлегува дека основните функции на Центарот ќе бидат насочени кон  конципирање, промовирање и имплементирање на иновациски и атрактивни програми за едукација, како и реализација на други активности за задоволување на потребите на заинтересираните субјекти, и тоа како од деловната, така и од пошироката општествена зеадница. Поконкретно, неговите активности ќе бидат фокусирани во следниве домени:

  • организирање курсеви за едукација и тренинг на вработените во стопанството, што би опфаќале различни аспекти на деловните процеси;
  • обезбедување стручна помош (експертизи, анализи и студии) при изработката на проектни документации, развојни стратегии, деловни планови и др.
  • креирање база на податоци за деловните субјекти и воспоставување перманентна двонасочна комуникација за динамично следење и разрешување на проблемите;
  • согледување на потребите на пазарот на работна сила и креирање соодветни програми за едукација и тренинг во согласност со манифестираните потреби;
  • обезбедување консалтинг услуги во врска со реализацијата на деловните трансакции, финансирањето, воспоставувањето  деловни контакти и сл.;
  • соработка во доменот на реализацијата на научно-истражувачки проекти;
  • информирање на работодавачите за расположливиот високостручен кадар, едуциран на Факултетот и согледување на можностите за негово вработување или друг вид ангажмани;
  • организирање промоциски предавања, семинари, работилници и сл.

Економски факултет – Прилеп

Центар за обуки и кариерен развој


Економски факултет – Прилеп
Центар за перманентно професионално усовршување
Тел.: 048 427 020 лок. 200
E-mail: cppu@eccfp.edu.mk
www.cppu.eccfp.edu.mk