Соопштенија


11 Јули 2018

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола распишува Конкурс за најдобар  

I. ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД

II. ЕСЕЈ 

Критериуми и услови:

Право на учество на Конкурсот имаат студентите запишани на прв циклус студии во академската 2018/2019 година.

Студентот има право да конкурира за:

- најдобар истражувачки труд

- најдобар есеј

Студентот има право со посебни трудови истовремено да конкурира и за истражувачки труд и за есеј.

Eсејот се изработува исклучиво на тема:

„УКЛО – на крстопат на својата зрелост“ 

посветен на

40 годишниот јубилеј на

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола

Истражувачкиот труд се изработува по слободен избор, а во рамки на одбележување на Јубилејот.  

Начин на доставување на трудовите:

Трудот односно есејот се доставува во електронска форма на следната е-адреса: istrazuvackitrudiesej2018@uklo.edu.mk

На трудот не смее да бидат наведени податоци за студентот, а се наведува само насловот и шифрата под која се пријавува истражувачкиот труд, односно есејот.

Истражувачките трудови и есеи се доставуваат најдоцна до 31. 10. 2018 година.

Оценување:

Истражувачките трудови и есеите ќе ги оценуваат посебни Комисии. Критериумите, методолошкиот пристап  и упатствата за изработка на истражувачките трудови и есеи се преземаат на следните линкови:

истражувачки труд

есеј

За најдобрите есеи и истражувачки трудови се доделуваaт плакети и парични награди.

Поблиски информаци на телефон: 047 223 788 локал 109 или на

elizabeta.atanasoska@uklo.edu.mk


05 Јули 2018

Им се соопштува на студентите од Економскиот факултет – Прилеп дека втор рок за пријавување на испитите за септемврискиот испитен рок ќе биде на 20.08.2018 год. и 21.08.2018 год. 


27 Јуни 2018

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2018/2019 ГОДИНА

симни документ


27 Јуни 2018

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ТРЕТ ЦИКЛУС – ДОКТОРСКИ СТУДИИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2018/2019 ГОДИНА

симни документ


12 Јуни 2018

Им се соопштува на студентите од Економскиот факултет – Прилеп дека пријавувањето на испитите за септемврискиот испитен рок ќе се врши од 25.06.2017 год. до 27.06.2017 год.


31 Мај 2018

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС (ДОДИПЛОМСКИ) СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2018/2019 ГОДИНА

симни документ


31 Мај 2018

Деловен англиски јазик - устен испит

Усниот испит ќе се одржи во четврток 07.06.2018г. во 11:00ч. во кабинетот за странски јазици.

Усниот испит е задолжителен за сите студенти кои го имаат положено писмениот дел и имаат најмалку 51 поен по сите основи.

Студентите кои имаат потреба од консултации или увид во тестовите можат да се јават во следниот термин: 04.06.2018г. (понеделник) од 10:30-11:30ч.


30 Мај 2018

Се информираат студентите кои полагале колоквиуми по предметите МАРКЕТИНГ КАНАЛИ и МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ кај проф. д-р Гоце Менкиноски да се јават на консултации кај предметниот наставник на ден 01.06.2018 (Петок) во 8:00 часот. 


23 Мај 2018

Се известуваат студентите на Економскиот факултет – Прилеп коишто ќе го полагаат испитот по предметот СМЕТКОВОДСТВЕН МЕНАЏМЕНТ, дека почнувајќи од јунска испитна сесија ќе имаат можност да го избираат професорот кај којшто ќе го полагаат испитот. Имено, во јунска испитна сесија студентите ќе можат да го полагаат испитот на ден 30.05.2018 година во 11.30 часот кај проф. д-р Виолета Лашкоска или на ден 18.06.2018 година во 11.30 часот кај проф. д-р Татјана Спасеска.   

 Од деканската управа


17 Мај 2018

Пријавувањето на испитите за ЈУНСКИОТ испитен рок за студентите од трет циклус студии ќе се врши  од 21 до 23 мај 2018 година. Се замолуваат студентите да се придржуваат кон роковите наведени во соопштението. 

<< претходно | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2018. Сите права задржани.