Соопштенија


17 Ноември 2020

Се информираат студентите дека во делот на Резултати од Испити објавени се Списоците за полагање на Првиот колоквиум по предметот Бизнис Информатика  по групи 


12 Ноември 2020

Одлука за  прием на кандидат за трет циклус – докторски студии во вториот уписен рок во академската 2020/2021 година на Економски факултет – Прилеп 

симни документ


03 Ноември 2020

Деловен англиски јазик - устен испит

Усниот испит по предметот Деловен англиски јазик ќе се одржи во петок, 06.11.2020г. од 09:00 часот.  

Усниот испит ќе се спроведи преку Google Meet. Студентите кои имаат право и ќе го полагаат усниот испит потребно е да се најават на е-маил: nikola.dimeski@uklo.edu.mk најдоцна до четврток, 05.11.2020г. до 12:00 часот. По најавата, секој студент на е-маил повратно ќе добие термин и линк за да се приклучи на испитот.

Забелешка: Усниот испит е задолжителен. Право на устен испит имаат сите студенти кои го имаат положено писмениот дел и имаат најмалку 51 поен по сите основи.

 



29 Октомври 2020

Почитувани студенти,

Доколку сте заинтересирани да обезбедите престој во Државниот студентски дом  „Орде Чопела“- Прилеп (а тоа ќе ви биде потребно доколку не сте од Прилеп, посебно во периодот на одржувањето на колоквиумските недели и испитните сесии), Ве информираме дека е распишан повторен Конкурс за прием на студенти за студиската 2020/2021 година на веб страната на Министерството за образование и наука http://mon.gov.mk/content/?id=3451.

Рокот за електронското пријавување на студентите почнува од 27.10.2020 година и трае до 04.11.2020 година.


29 Октомври 2020

Економски факултет – Прилеп распишува,

О Г Л А С

за избор на 1 (еден) демонстратор

Се распишува конкурс за ангажирање на 1 (еден) демонстратор од областите: економија и бизнис за  академската 2020/2021 година.

За демонстратор може да биде избрано лице кое е студент на втор или трет циклус на студии, кој студиите од првиот циклус (додипломските студии) ги завршил со просечна оцена од најмалку 8,00 (осум) и кој ги исполнува и следниве посебни услови:

-         Да има добиено две препораки од наставници на Факултетот,

-         Да поседува комуникациски вештини,

-         Да има познавања од MS Office и

-         Да познава еден странски јазик.

Кандидатите поднесуваат: пријава со назнака за која област конкурираат, контакт телефон и емаил, кратка биографија, диплома за завршено високо образование, односно уверение за вкупниот просечен успех, доказ дека се студенти на втор или трет циклус на студии, препораки од наставници, доказ за познавање на MS Office и доказ дека познава еден странски јазик.

За пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите ќе биде организирано интервју.

Огласот трае 8(осум) дена од денот на објавувањето (до 06.10.2020)

Пријавите се доставуваат до Економски факултет–Прилеп, по пошта на адреса ул.”Прилепски Бранители” бр.143 или лично во архивата на Факултетот.

29.10.2020 год.                             Економски факултет - Прилеп


29 Октомври 2020

УПАТНИЦИ ЗА ПРАКТИЧНА НАСТАВА

Упатници за изведување на практична настава се издаваат во просторијата до Библиотеката кај Спиркоски Милан или преку електронска пошта mspsplit@yahoo.com


26 Октомври 2020

Одлука за прием на кандидатите за втор циклус на студии во прв уписен рок во академската 2020/2021 година на Економскиот факултет – Прилеп по студиски програми

симни документ


26 Октомври 2020

Одлука за прием на кандидатите за втор циклус на студии во прв уписен рок во академската 2020/2021 година на Економскиот факултет – Прилеп по студиски програми

симни документ


23 Октомври 2020

Конкурс за доделување на Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на пазарот на капитал на Комисијата за хартии од вредност
  • Гoдишната награда на Комисијата за хартии од вредност за прворангираниот труд (прва награда) изнесува 35.000,00 денари, нето.
  • Втората награда е во износ од 25.000,00 денари, нето, а третата награда изнесува 15.000 денари,нето.
  • Краен рок за доставување на трудовите е 15 февруари, 2021 година.
линк до конкурсот


20 Октомври 2020

Согласно одлуката донесена од Наставно-научниот совет на ден 06.10.2020 год. при Економскиот факултет – Прилеп на студентите им е дозволен дополнителен испитен рок во зимскиот семестар во академската 2020/2021 година.

Пријавувањето на испитите ќе биде во периодот од 26 и 27 октомври 2020 година. (понеделник и вторник).

Притоа студентите ги уплаќаат потребните средства како би се стекнале со право на полагање на избраните предмети.

Студентите кои ќе положат предмети од повторно запишаните се стекнуваат со право да запишат нови предмети согласно правилата за студирање по ЕКТС.

За полагање се уплаќаат 300,00 денари за стекнување на право за полагање во дополнителниот  испитен рок, 300,00 за секој испит посебно и 300,00 ден, плус ако испитот се полага повеќе од еднаш.

| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2024. Сите права задржани.