Соопштенија


27 Февруари 2018

Се информираат студентите кои го слушаат предметот Деловен германски јазик 2 дека часовите на ден 28.02.2018 година (Среда) ќе започнат во 10:30 часот. Предметен наставник проф. д-р Елена Цицковска


22 Февруари 2018

Почитувани,

За вежби подгответе се за критичка анализа на :

1. Класична квантитативна анализа на парите

2. Кензијанска доходна монетарна теорија

3. Неокласична квантитативна теорија на парите - Фридман

Фокусирајте се на една од наведените теории

 

Поздрав Спире


22 Февруари 2018

Студентите кои го слушаат предметот Девизен систем и девизно работење имаат обврска да се подготват за вежби на следните две теми:

1. Фиксни девизни курсеви - предности недостатоци и апликација

2, Флуктуирачки девизни курсеви - предности, недостатоци и апликација

Поздрав, Спире


19 Февруари 2018

Се известуваат студентите од сите студиски години дека пред запишувањето на парните семестри ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да ја пополнат студентската анкета која што е поставена во IKNOW системот за студенти.

Логирањето во IKNOW системот се врши на следната веб страна: https://iknow.uklo.edu.mk/ со емаил адресата и лозинката која се користи при запишувањето во прва студиска година на факултетот.За дополнителни информации и инструкции во врска со пристапот кон системот и пополнување на анкетата можете да се обратите кај Димитар Ристески во компјутерскиот центар.


16 Февруари 2018

ДЕН

ВРЕМЕ

ГРУПА

Понеделник

12:15 – 13:45

Трета

Вторник

12:15 – 13:45

Прва

Среда

12:15 – 13:45

Втора


13 Февруари 2018

Рокот за упис на II (парен) семестар за студентите - запишани на втор циклус на студии во академската 2017/2018 година, а за останатите упис на IV семестар, презапишување на предмет или евиденција на семестар  се продолжува до 22.02.2018 год.



05 Февруари 2018

Се известуваат сите редовни студенти дека наставата од летниот семестар 2017/2018 год. е веќе започната според распоредот за предавања објавен на веб страната на факултетот и на огласните табли.


01 Февруари 2018

Деловен англиски јазик - устен испит

Усниот испит по предметите Деловен англиски јазик 1, Деловен англиски јазик 2 и Англиски јазик 3 ќе се одржи во среда 07.02.2018г. во 09:00ч. во кабинетот за странски јазици.

Усниот испит е задолжителен за сите студенти кои го имаат положено писмениот дел и имаат најмалку 51 поен по сите основи.

Студентите кои имаат потреба од консултации или увид во тестовите можат да се јават во следниот термин: 05.02.2018г. (понеделник) од 10:00-11:00ч.


31 Јануари 2018

Студентите кои го полагаат предметот Бизнис информатика на ден 01.02.2018 имаат обврска да го полагаат теоретскиот дел во терминот од 11:30 до 12:00 во амфитеатар број 3. Потоа, истите го полагаат практичниот дел во компјутерски центар 1 и 2 и тоа:

- колоквиум компјутерски центар 1 и 2 во терминот од 12:10 до 13:40

- испит, компјутерски центар 1 во терминот од 14:00 до 15:30.

Сите промени можат да се направат на денот на испит во консултација со асистентот Спире Лазароски

Со почит

 


30 Јануари 2018

Им се соопштува на студентите од Економскиот факултет – Прилеп дека запишувањето и заверувањето на предмети од парните семестри, за академската 2017/2018 година ќе се врши во периодот од 07.02.2017 година до 16.02.2017 година.

| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2018. Сите права задржани.