За идните студенти

 

Економскиот факултет - Прилеп ви нуди современи студиски програми, дизајнирани според европските стандарди во високото образование. Секоја од овие студиски програми обезбедува соодветна специјализација во определена област на економијата и бизнисот и едукација на профил на кадар во согласност со апсорпциската моќ и потребите на пазарот на работна сила во Република Македонија. Во зависност од вашите афинитети и визии за иднината, можете да изберете една од следниве студиски програми:  

1. Е - бизнис  (4+1) 

2. Менаџмент (4+1) 

3. Сметководство и ревизија (4+1) 

4. Меѓународен бизнис (4+1

5. Маркетинг менаџмент (4+1) 

6. Банкарство и финансии   (4+1)  

 

 

 


 

 


 

ПОВАЖНИ ДАТУМИ

 

  Прв уписен рок Втор уписен рок Tрет уписен рок
Пријавување на кандидатите  15,16 и 17.08.2017
 01 и 04.09.2017
14.09.2017
Објавување прелиминарна ранг-листа 21.08.2017
 05.09.2017  15.09.2017
Објавување решение за прием на кандидатите  23.08.2017  07.09.2017  19.09.2017
Запишување на примените  кандидати  24 и 25.08.2017
 12 и 13.09.2017
 20.09.2017

 

 


 

УПЛАТНИЦИ



 

 


ПОЧИТУВАНИ ИДНИ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ - ПРИЛЕП!

За да се олесни Вашето  пријавување, во првиот уписен рок во Академската 2017/18 год., дозволете да Ве  информираме за следново:

После Вашето доаѓање во Факултетот потребно е да го направите следново:

1. Потребните документи за пријавување ги добивате во скриптарата на Економскиот факултет и истите треба да ги пополните. 

2. Следен чекор е електронското пријавување што ќе се врши во интернет клубот на Факултетот каде што ќе ја добиете целокупната помош при   електронското пријавување.

!!! Студентите кои претходно веќе се пријавиле електронски, комплетираните документи предвидени со конкурсот, заедно со пополнетите документите од точка 1 ги носат во службата за студентски прашања.

 3. Кандидатите, после електронското пријавување, треба да се пријават во службата за студентски прашања со целокупната документација предвидена со конкурсот и документацијата од  точка 1 и точка 2.

За комплетна апликација ќе се смета апликацијата на студентите кои аплицирале и електронски ги доставиле потребните документи во службата за студентски прашања.


© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2017. Сите права задржани.