Интерни повици

Деканската управа на Економски факултет-Прилеп во соработка со Центарот за научно-истражувачка работа на 9 јуни, 2011 донесе одлука за објавување на првиот интерен повик за истражувачки проекти (Бр.10-1881/1). Целта на овој интерен повик беше унапредување на научно-истражувачката работа на наставничкиот и соработничкиот кадар на Факултетот што би требало да резултира со зголемен број публикувани трудови во домашни и меѓународни стручни списанија. Првиот интерен повик наиде на особено голем одзив од страна на наставниците и соработниците во Факултетот, односно беа пријавени вкупно 17 предлог истражувачки проекти во чии проектни тимови учествуваат вкупно 30 наставници и соработници.

Согласно утврдената динамика, предложените проектни истражувања планирано е да се спроведат во период 6 месеци во текот на зимскиот семестар 2011/12 година. При тоа, Економскиот факултет-Прилеп логистички ќе ја помогне реализацијата на истражувањата, односно ќе ги покрие материјалните трошоци што би произлегле во текот на нивната реализацаија. Секое истражување на крај би требало да резултира со публикување научен труд во стручно списание со импакт фактор или со учество на меѓународна научна конференција.

Во продолжение е прикажан комплетниот список на предлог истражувачките проекти:

1

Прифатливост на услугите од Економски факултет – Прилеп за перманентна едукација на вработените во банките со цел подобрување на квалитетот на банкарските услуги

Проф. д-р Каролина Илиеска
Проф. д-р Адријана Ристеска
Проф. д-р Димко Кокароски

2

Мерење на интелектуалниот капитал во банкарскиот сектор во Република Македонија

Проф. д-р Коста Сотироски
Проф. д-р Маргарита Јанеска
Проф. д-р Сузана Талеска

3

Подобрување на квалитетот на услугите во основното образование во Р.Македонија, преку креирање на методологија за пресметување на индексот на задоволство на родителите

Асс. м-р Игор Андреев
Пом. асс м-р Спиро Лазароски

4

Влијанието на вредносните ориентири на граѓаните врз градењето бизнис амбиент во Република Македонија, Студија на случај: Пелагониско-охридски регион

Проф. д-р Љупчо Печијарески
Доц. д-р Димитар Николоски

5

Анализа на ефектите од реформираниот пензиски систем и негова перспектива

Проф. д-р Гордана Витанова
Проф. д-р Гордана Трајкоска
Проф. Д-р Драгица Оџаклиеска

6

Истражување на нивото на имплементација на стратегиските техники на менаџерското сметководство и нивните импликации врз финансиските перформанси на македонските компании

Асс. м-р Татјана Спасеска
Асс.м-р Фанка Ристеска
Пом.асс. Дејан Здравески
Пом. Асс. Анета Ристеска

7

Влијанието на индикаторот „затворање на бизнисот“ врз рангирањето на Република Македонија во DOING BUSINESS, Студија на случај: Поведување, водење и заклучување на стечајните постапки на подрачјето на Апелациониот суд Битола

Доц. д-р Мирослав Андоновски
Проф. д-р Димо Диков

8

Компаративна студија на глобални и македонски брендови кај определени категории производители на пазарот за лична потрошувачка

Проф. д-р Марика Башеска-Ѓорѓиеска
Проф. д-р Сашо Атанасоски
Доц. д-р Снежана Мојсовска-Саламовска

9

Улогата на алтернативните механизми за прилагодување на пазарот на труд во Република Македонија во текот на економската криза

Доц. д-р Димитар Николоски
Проф. д-р Љупчо Печијарески

10

Подготвеност на компаниите за имплементација на ИКТ иновации

Проф. д-р Ѓорѓи Манчески  
Доц. д-р Марјан Ангелески

11

Истражување на пазарот на алатки за бизнис интелегенција и нивно користење во компаниите во Република Македонија

Асс м-р Дејан Здравески

12

Унапредување на иновацискиот капацитет и конкурентноста на бизнис секторот во Република Македонија

Проф.д-р Славица Роческа
Доц.д-р Оливера Костоска
Доц.д-р Снежана Мојсовска-Саламовска

13

Финансирање на проекти на единиците на локална самоуправа преку емисија на обврзници

Асс. м-р Фанка Ристеска
Асс. м-р Татјана Спасеска
Асс. м-р Анета Ристеска
Асс. м-р Дејан Здравески

14

Анализа на потенцијалите на малите и средни бизниси за поттикнување на локалниот економски развој во општина Прилеп

Проф. д-р Мирослав Гвероски
Проф. д-р Борка Соколоски

15

Глобалните промени – битен фактор за стратегиско планирање на производството на тутун во Република Македонија

Проф. д-р Лазар Стојаноски

16

Анализа на условите за производство на тутун во Прилеп и прилепско во сезоната 2010/2011

Асс. м-р Илија Христоски

17

Истражување на информираноста за изворите на финансирање кај малите и средни бизниси во општина Прилеп

Асс. м-р Анета Ристеска
Асс. м-р Татјана Спасеска
Асс. м-р Фанка Ристеска
Асс. м-р Илија Христоски


Економски факултет – Прилеп
Центар за научно-истражувачка работа
Тел.: 048 427 020 лок. 200
E-mail: cnir@eccfp.edu.mk
www.cnir.eccfp.edu.mk