Научно-истражувачка активност

Иницијатива за евидентирање на научно-истражувачките активности

 

          Започнувајќи од оваа календарска година (2015), а во согласност со предложениот План за работа, ЦНИР при ЕФП поведува иницијатива за детално и континуирано евидентирање на научно-истражувачките активности на академскиот кадар при ЕФП.

          Евиденцијата се однесува на два клучни аспекти, и тоа:

  • Објавени научни и стручни трудови;
  • Реализирана проектна активност.

          За оваа цел, ЦНИР при ЕФП, во соработка со Продеканот за меѓународна соработка, изготви два обрасци: 

  • Образец ЦНИР-1 (Евидентен лист за научен/стручен труд) и
  • Образец ЦНИР-2 (Евидентен лист за учество во проект), и двата ставени како прилог на ова известување.

          Реализацијата на оваа иницијатива треба да се одвива во согласност со следниве правила:

  • При секое одделно објавување на труд, првонаведениот автор е должен да достави:
    • Уредно пополнет образец ЦНИР-1, заедно со
    • Отпечатен и вкоричен примерок од финалната верзија на трудот, како и
    • Електронска верзија на трудот во .doc, .docx, или .pdf формат;
  • При учество во секој одделен проект, учесникот е должен да достави уредно пополнет образец ЦНИР-2.

          Двата вида обрасци се јавно достапни за преземање преку оваа Web страница, а се доставуваат, исклучиво во печатена форма, директно до Раководителот на ЦНИР при ЕФП.

          Со оваа пракса се опфаќаат сите научно-истражувачки активности од почетокот на календарската 2015 година. Крајната цел на оваа иницијатива е изградба на интерна компјутерска база на податоци за научно-истражувачката активност во Економскиот факултет – Прилеп, и создавање интерен репозиториум на објавени трудови.

          Документи за преземање:

          Прилеп, 22.04.2015 год.                                                                                            Раководител на ЦНИР при ЕФП,

                                                                                                                 доц. д-р Илија Христоски, с.р.


© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2024. Сите права задржани.