ред. проф. д-р Гордана Витанова


Материјали


Кабинет Локак Дир. телефон 048 40 27 23 Email vitanova04@yahoo.com Консултации Консултации понеделник од 9.30. до 11.30 и вторник од 08 до 10 часот.

Биографија

Витанова д-р Гордана е родена 1959 година во Кавадарци. На Економскиот факултет во Штип дипломирала 1981 година на насоката Економика и организација на претпријатијата. Во 1995 година магистрирала на Економскиот факултет-Прилеп, на тема “Финансирањето и економската ефикасност на јавните претпријатија, со посебен осврт на ЈП Електростопанство на Македонија- погон РЕК Битола“. Исто така, на Економскиот факултет –Прилеп ја одбранила докторската дисертација на тема “Пазарот на капитал во современата теорија и практика и неговите функции во финансирањето на претпријатијата“. По докторирањето во 2000 година, таа е избрана за доцент на Факултетот во 2002 год. на предметите финансиски пазари и институции, даночно и банкарско сметководство и практикум на менаџерското сметководство, а области на научна преокупација и се сметководтсвото, финансиите и ревизијата.

Книги

Финансиски пазари и институции во 2003 год., Даночно и банкарско сметководство во 2004 год.

Трудови и конф.

1. “Регионална соработка на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност во контекст на економскиот развој” во коавторство со проф. д-р Бранко Трајкоски, меѓународен симпозиум “Регионалната соработка и економскиот развој” Прилеп 20-21 јуни 2003 год.

2. “Финансиските инструменти во контекст на меѓународните сметководствени стандарди и пазарот на капитал”, XIII симпозиум на Сојузот на сметководители, финансисти и ревизори на Р.Македонија, Струга, декември 2002 год.

3. “Методологија за мерење на перформансите на портфолиото”, XII симпизиум на Сојузот на сметководители, финансисти и ревизори на Р. Македонија,Струга, октомври 2000 год.

4. “Странски директни инвестиции во земјите во транзиција”, економско списание, Професија банкар, Скопје, мај 2002 год.

5. “Наемот како специфичен облик на финансирање”, економско списание, Професија банкар, Скопје, април 2002 год.

6. “Љубљанската берза на хартии од вредност” економско списание Економија и бизнис, Скопје, јануари 2002 год.

7. “Пазарот на капитал во земјите во транзиција”, економско списание Економија и бизнис, Скопје, ноември 2002 год.

8. “Финансирање на претпријатијата со кредити”,економско списание Професија банкар Скопје, октомври 2001 год.

9. “Берзите на долгорочни хартии од вредност како учесник и посредник на пазарот на капитал”, eкономско списание, Економија и бизнис, Скопје јуни 2001 год.

10. “Финансирање на претпријатијата со обврзници” економско списание Професија банкар, Скопје, јули 2001 год.

© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2017. Сите права задржани.