Насловен доцент д-р Емилија Ѓорѓиоска

Биографија

Образование:

Д-р Емилија Јоска Ѓорѓиоска (род.Матеска) е родена во Прилеп на 04.07.1986 година, каде и го завршува основното, а во 2005 година со континуиран одличен успех и средното образование во Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, на насоката општа гимназија. За време на основното и средното образование наградувана е со повеќе награди на локално и на државно ниво. Правниот факултет го завршува во јуни 2008 година со просечен успех од 9.73, како еден од најдобрите студенти на генерацијата, по што се стекнува со звање дипломиран правник.

Во академската 2008/2009 година ги продолжува студиите на втор циклус на студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје на правосудната насока: Модул А- граѓанско право. Предвидените 13 испити ги полага во пропишаниот рок со просечен успех 10,00. На 02.10.2010 година успешно го брани магистерскиот труд под наслов: „Овластувања на нотарите во вонпарнична постапка во Република Македонија и во компаративното право“ под менторство на проф.д-р Татјана Зороска-Камиловска, по што се стекнува со звање магистер по право.

 

Во академската 2012/2013 година се запишува на трет циклус на студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје  на студиската програма граѓанско право. Предвидените 8 испити ги полага со просечен успех 9,87. На 10.07.2017 година успешно ја брани докторската дисертација под наслов: „Арбитража и медијација во спорови од индустриска сопственост“ пред Комисијата во состав: проф.д-р Арсен Јаневски -претседател, проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, проф.д-р Тони Десковски, проф. д-р Валентин Пепељугоски и проф.д-р Татјана Зороска Камиловска- ментор, по што се стекнува со звање: доктор на правни науки од областа на граѓанско право.

 

Во Февруари 2013 година успешно го полага правосудниот испит пред надлежната комисија од Министерството за правда на Република Македонија.

 

Го има положено испитот за овластени лица за јавни набавки во организација на Бирото за јавни набавки, Министерство за финансии во јуни 2012 година, обновено во 2015 година и во 2018 година. 

Работно искуство:

Кандидатот има волонтирано неколку месеци во Основниот суд Прилеп на граѓанска и трговска материја и има искуство од работа во адвокатска канцеларија од 2 месеци.

Во периодот од октомври 2010 година до јуни 2011 година е договорно ангажирана на Економски факултет-Прилеп за извршување на правни услуги.

Од јуни 2011 година до декември 2012 година има работно искуство во фирмите: ДОО Фам Прилеп и Крин Производство ДОО-Прилеп.

Од 26.12.2012 година е вработена на Економски факултет-Прилеп како Раководител на сектор за општи и правни работи. Во рамките на работните задачи на Економски факултет, кандидатот го има застапувано Факултетот во повеќе постапки пред управни органи, во судски постапки, стечајни постапки, постапки пред извршители и нотари во Република Македонија. Пред Државниот завод за индустриска сопственост во име и за сметка на Економски факултет-Прилеп изврши заштита на трговска марка.

-          Учесник е во повеќе работни групи при изработката на општите акти на факултетот и Универзитетот.

-          Член е на Комисијата за нормативна дејност на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола од ноември 2015 година.

-          Назначена е за овластено лице за извршување на работи од областа на јавните набавки, за потребите на факултетот од декември 2014 година.

-     Назначена е за службено лице за посредување со информации од јавен карактер.

-          Назначена е за овластено лице за информациониот систем за управување со човечките ресурси (ИСУЧР) за Економски факултет-Прилеп од август 2015 година.

 Од 18.12.2013 година извршува функција претседател на Здружение за иновации и развој Прилеп. Основна цел на Здружението е да понуди современи и напредни  знаења преку кои ќе се влијае врз зајакнување на капацитетите на заедницата за одржливи решенија и ефикасно користење на ресурсите, стекнување на знаења и креирање на способности што ќе придонесат за поттикнување на развојот на бизнисите и вкупниот социо-економскиот развој. Во рамките на активностите на Центарот, како претседател на Здружението била член на Организациониот одбор на IBANESS Конференцијата одржана во Прилеп  во Октомври 2016 година.

 

Учество на меѓународни проекти:

1.Ангажирана била во рамките на Темпус проектот: 510993-TEMPUS-1-2010-1-IT-TEMPUS JPCR(2010-3187/001-001): „DEVELOPING A REGIONAL JOINT DOCTORAL PROGRAMME IN ENTREPRENEURSHIP AND SMES MANAGEMENT FOR THE WESTERN BALKAN COUNTRIES “ (DOCSMES). Партнери на проектот: Alma Mater Studiorum – Università di Bologna, Italy (UNIBO); University "St.Kliment Ohridski" Bitola, Republic of Macedonia (UKLO); Universitat Autonima de Barcelona, Spain; University of Nice, France; South East European University, Republic of Macedonia; University of Tirana, Albania; Agricultural University of Tirana, Albania and Dardania University, Prishtina, Kosovo; Seavus dooel Skopje, Republic of Macedonia (SEAVUS) – Partner; Agency for Promotion of Entrepreneurship of the Republic of Macedonia (APPRM), Macedonian Chambers of Commerce, Republic of Macedonia (MCC) , Konfederata e Industrive te Shqiperise- Albanian Confederation, Albania (Konfindustria).

2. Ангажирана е во рамките на проектот: „Алијанса на знаење во Еко-иновативно претприемништво за зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија“, во рамките на Transnational Cooperation Programme Interreg Balkan-Mediterranean. Партнери во проектот се: Agency for Promotion of Entrepreneurship, Bulgarian Industrial Association, Union of the Bulgarian Business; Cypriot Enterprise Link; Cyprus University of Technology; Federation of Industries of Northern Greece; Trakia University - Stara Zagora и University "St. Kliment Ohridski" – Bitola, Faculty of Economics-Prilep.

 

Странски јазици и компјутерски вештини:

Има солидни познавања на англиски јазик (поседува меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик - БУЛАТС (Business Language Testing Service) од Одделот за сертифицирање на англиски јазик при Универзитетот Кембриџ, со CEFR level: B2) и има солидно познавање на Microsoft Windows XP and Microsoft Office. 

Престои

Студиски престои во странство:

  1. Има реализирано престој на Универзитетот Sofia Antipolis од Ница во периодот  04.07-08.07.2011 во рамките на Темпус проектот SM DOCSTUD (CO39B06).
  2. Во периодот од 21-28.03.2016 година има реализирано студиски престој на Правниот факултет во Марибор, при Универзитетот во Марибор.

Трудови и конф.

СПИСОК НА ОБЈАВЕНИ НАУЧНИ И СТРУЧНИ ТРУДОВИ :

 1.„Praktična nastava i mogučnosti za profesionalno usavršavanje“, M. Andonovski, E.Mateska XVII Skup TRENDOVI RAZVOJA: “EVROPA 2020: društvo zasnovano na znanju”, UNIVERZITET U NOVOM SADU i FAKULTET TEHNIČKIH NAUKA – NOVI SAD, Kopaonik, 07. - 10. 03. 2011godina.

2. „Улогата на нотарите во Република Македонија при спроведување на оставинска постапка и составување на тестаменти“ Е. Матеска, Правник, Здружение на правници на Република Македонија,  бр.225, јануари 2011г. 

3. „Notary’s authority in non-contentious proceedings in Republic of Macedonia, comparative experiences and perspectives for greater process economy“, E.Mateska, Horizonti, University “St.Kliment Ohridski”-Bitola, No.10, Bitola May 2013.

4. „Регулатива y Републици Македонији o рангирању високообразовних Установа“, Е.Матеска, XX Skup TRENDOVI RAZVOJA, “RAZVOJNI POTENCIJAL VISOKOG OBRAZOVANJA” , UNIVERZITET U NOVOM SADU i FAKULTET TEHNIČKIH NAUKA – NOVI SAD Kopaonik, 24. - 27. 02. 2014 godina

5. „EXPERT REPORT AS EVIDENCE IN LITIGATION PROCEDURE“, Е.Матеска, А.Матески, Horizonti, University “St.Kliment Ohridski”-Bitola, Volume 16, Year X, Bitola, September 2014.

6. „Потребата за ревидирање на одредбите за извршување врз платата и другите парични примања на должникот“,Е. Матеска, Правник, Здружение на правници на Република Македонија,  бр.266, јуни 2014 гoдина.

7. “Mediation аs аn Alternative оf Criminal Procedure“, Sushak Ivona, Emilija Mateska, International Scientific Conference, Criminalistic education, situation and perspectives -20 years after Vodinelic, Faculty of Security-Skopje, Skopje, 24-25 October 2014;

8. “The Effects of Mandatory Listing on the Macedonian Stock Exchange”, A.Mateski, E.Mateska, Međunarodna naučna konferencija ”Finansijsko izveštavanje u funkciji korporativnog upravljanja”, Beograd, Srbija, 05.12.2014.

9. “Financial Discipline of Enterprises’ activities in the Republic of Macedonia”, Emilija Mateska, Snezhana Obednikovska, Aleksandar Mateski, L’Association 1901 “SEPIKE” Social Education Project of Improving Knowledge in Economics, Journal, Ausgabe 10, Osthofen, Deutschland, Poitiers, France, Los Angeles USA, 31.10.2015.

10. “Consumerism and consumer protection in the Republic of Macedonia”, Emilija Mateska, MSc, Snezana Obednikovska, PhD, Horizonti, University “St.Kliment Ohridski”-Bitola, Volume 17, Year XI, Bitola, September 2015.

11.Financial Discipline In Republic Macedonia way Of More Efficient Mode For Enterprises’ Activities”, Emilija Mateska, Snezhana Obednikovska, Aleksandar Mateski, Annals of the „Constantin Brâncuşi” University of Târgu Jiu, Economy Series, Issue 2/2015, „ACADEMICA BRÂNCUŞI” PUBLISHER, ISSN 2344 –3685/ISSN-L 1844 – 7007.

12. “ACTIVITIES OF THE CUSTOMS ADMINISTRATION FOR PROTECTING THE INTELLECTUAL PROPERTY RIGHTS“, Emilija Mateska, MSc, INTERNATIONAL BALKAN AND NEAR EASTERN SOCIAL SCIENCES CONFERENCE SERIES (IBANESS), Proceedings, Prilep, Macedonia, October 28-30, 2016.

13.ACTIVITIES OF THE CUSTOMS ADMINISTRATION FOR PROTECTING THE INTELLECTUAL PROPERTY RIGHTS“, Emilija Mateska, MSc, BALKAN AND NEAR EASTERN JOURNAL OF SOCIAL SCIENCES , Vol.2, Number 4, 2016 , ISSN 2149-9314. 

14.”Предностите на арбитражата во споровите од индустриска сопственост”, Емилија Ѓорѓиоска, Економија и бизнис, мај 2017.

15. “Punitive Damages and Publication Of Judicial Decisions As Specific Requests For Protection Of Industrial Property Rights”, Emilija Mateska, PhD, IBANESS Conference Series – Ohrid/ Republic of Macedonia IBANESS Konferans Serisi – Ohrid / Makedonia October 28-29, 2017, ISBN: 978-9989-695-57-5.

16. “СПОРОВИ ОД ЗАШТИТАТА НА ИНТЕРНЕТ ДОМЕН ИМИЊА”, Емилија Ѓорѓиоска, Економија и бизнис, година 20, број 236, февруари 2018.

17. „Објективна медијабилност на спорови од индустриска сопственост“, МАТЕСКА, Емилија, Годишен зборник на Правен факултет бр. 7, 2017, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип, УДК: 347.77.077.2, ISSN: 1857 – 8713. 

18.Industrial Property Disputes Resolution Using Arbitration And Mediation, PhD Emilija Gjorgjioska, International Balkan and Near Eastern Social Sciences Congress Series X. IBANESS Congress Series-Ohrid / MACEDONIA

19. RESOLVING OF INTERNET DOMAIN NAMES DISPUTES USING ARBITRATION, Emilija Mateska, PhD, HORIZONS INTERNATIONAL SCIENTIFIC JOURNAL, Series A Social Sciences and Humanities Year XII Volume 22 November 2018 Bitola.

20.НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПАРНИЧНА ПОСТАПКА ВО ПРВ СТЕПЕН ВО СПОРОВИ ОД ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ, д-р Емилија Ѓорѓиоска, Правен дијалог бр. 18 - јули 2018

 

 ТРУДОВИ ОБЈАВЕНИ ВО ЗБОРНИЦИ НА НАУЧНИ ТРУДОВИ, ПРЕЗЕНТИРАНИ НА МЕЃУНАРОДНИ АКАДЕМСКИ СОБИРИ:


1.“Mediation аs аn Alternative оf Criminal Procedure“, Sushak Ivona, Emilija Mateska, International Scientific Conference, Criminalistic education, situation and perspectives -20 years after Vodinelic, Faculty of Security-Skopje, Skopje, 24-25 October 2014;

2.“The Effects of Mandatory Listing on the Macedonian Stock Exchange”, A.Mateski, E.Mateska, Međunarodna naučna konferencija ”Finansijsko izveštavanje u funkciji korporativnog upravljanja”, Beograd, Srbija, 05.12.2014.

3.“Punitive Damages and Publication Of Judicial Decisions As Specific Requests For Protection Of Industrial Property Rights”, Emilija Mateska, PhD, IBANESS Conference Series – Ohrid/ Republic of Macedonia IBANESS Konferans Serisi – Ohrid / Makedonia October 28-29, 2017, ISBN: 978-9989-695-57-5.

4.“ACTIVITIES OF THE CUSTOMS ADMINISTRATION FOR PROTECTING THE INTELLECTUAL PROPERTY RIGHTS“, Emilija Mateska, MSc, INTERNATIONAL BALKAN AND NEAR EASTERN SOCIAL SCIENCES CONFERENCE SERIES (IBANESS), Proceedings, Prilep, Macedonia, October 28-30, 2016.

5.„Објективна медијабилност на спорови од индустриска сопственост“, МАТЕСКА, Емилија, Годишен зборник на Правен факултет бр. 7, 2017, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип, УДК: 347.77.077.2, ISSN: 1857 – 8713.

6.Industrial Property Disputes Resolution Using Arbitration And Mediation, PhD Emilija Gjorgjioska, International Balkan and Near Eastern Social Sciences Congress Series X. IBANESS Congress Series-Ohrid / MACEDONIA

7. RESOLVING OF INTERNET DOMAIN NAMES DISPUTES USING ARBITRATION, Emilija Mateska, PhD, HORIZONS INTERNATIONAL SCIENTIFIC JOURNAL, Series A Social Sciences and Humanities Year XII Volume 22 November 2018 Bitola.



УЧЕСТВО НА НАУЧНИ КОНФЕРЕНЦИИ И СИМПОЗИУМИ:

1.XVII Skup TRENDOVI RAZVOJA: “EVROPA 2020: društvo zasnovano na znanju”, UNIVERZITET U NOVOM SADU i FAKULTET TEHNIČKIH NAUKA – NOVI SAD, Kopaonik, 07. - 10. 03. 2011godina.

2.XX Skup TRENDOVI RAZVOJA, “RAZVOJNI POTENCIJAL VISOKOG OBRAZOVANJA” , UNIVERZITET U NOVOM SADU i FAKULTET TEHNIČKIH NAUKA – NOVI SAD Kopaonik, 24. - 27. 02. 2014 godina.

3.International Scientific Conference, Criminalistic education, situation and perspectives -20 years after Vodinelic, Faculty of Security-Skopje, Skopje, 24-25 October 2014.

4.Međunarodna naučna konferencija ”Finansijsko izveštavanje u funkciji korporativnog upravljanja”, Beograd, Srbija, 05.12.2014.

5.INTERNATIONAL BALKAN AND NEAR EASTERN SOCIAL SCIENCES CONFERENCE SERIES (IBANESS), Prilep, Macedonia, October 28-30, 2016.

6.INTERNATIONAL BALKAN AND NEAR EASTERN SOCIAL SCIENCES CONFERENCE SERIES (IBANESS), Ohrid/ Republic of Macedonia, October 28-29, 2017.


© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2019. Сите права задржани.