Драги студенти,
Во процесите на глобализација, демократските општества се иманентни при откривањето начини за стекнување релевантни информации и нивна употреба, а во функција на просперитет, развој и трансмисија на знаењето во нови достигнувања.
Низ академските програми, коишто кореспондираат со развојните трендови во земјата и надвор од неа, Економскиот факулетет во Прилеп Ви го нуди сопственото искуство во преносот на знаење што ќе можете да го имплементирате при исполнувањето на Вашите професионални амбиции.
Наша цел е да ве научиме да станете успешни во имплементирањето на економското знаење во сè поизразените компетитивни услови. Добредојдовте!
Конечни резултати ЧЕТВРТ УПИСЕН РОК - учебна 2021/2022 година
Прелеминарни резултати четврт уписен рок - 2021/2021 година
Дополнителен конкурс за прв циклус студии за четвртиот уписен рок
Конечни резултати ТРЕТ УПИСЕН РОК - учебна 2021/2022 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
за изведување на online настава
Им се соопштува на сите студенти дека наставата на Економски факултет-Прилеп во академската 2021/2022 година, во услови на пандемија со Covid-19, ќе се реализира според моделот: Настава за учење на далечина, што подразбира реализирање на часови со online присуство на студентите.
За таа цел ќе се користи платформата Google Classroom на која секој наставник ќе креира посебна училница за секој предмет што го предава.
Студентите се должни во текот на првата недела од зимскиот семестар да ги контактираат по e-mail предметните наставници каде што слушаат настава со цел да ги пријават во училниците.
Список на e-mail адреси на наставниците на Економски факултет-Прилеп:
dragica.odzaklieska@uklo.edu.mk
miroslav.andonovski@uklo.edu.mk
snezana.obednikovska@uklo.edu.mk
snezana.salamovska@uklo.edu.mk
СООПШТЕНИЕ
за одбрана на дипломски работи, магистерски трудови и докторски дисертации и во академската 2021/2022 година
Одбраната на дипломска работа, магистерски труд и докторска дисертација во услови на пандемија со Covid-19 во академската 2021/2022 година се реализира преку еден од следниве модели:
- Одбрана со физичко присуство
- Оnline одбрана
- Комбиниран модел на одбрана
Одбраната на дипломска работа, магистерски труд и докторска дисертација, што се организира со физичко присуство и комбиниран модел во вонредни услови се реализира во согласност со условите, протоколите и предвидените мерки за заштита на здравјето на луѓето.
Начинот на одбрана го утврдува комисијата во консултации со студентот.