COVID19 ИНФО

ПРОТОКОЛ ЗА УТВРДУВАЊЕ И ПОСТАПУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ, ОДНОСНО ЕДИНИЦИТЕ ВО СОСТАВ ПРИ ИЗВЕДУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ


СТРАТЕГИЈА НА УКЛО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАСТАВНО-ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА СО COVID-19 ЗА АКАДЕМСКАТА 2020/2021


КОДЕКС НА КОМУНИКАЦИЈА ПРИ УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА


ПРОТОКОЛ ЗА ОДБРАНА НА ДИПЛОМСКИ РАБОТИ, МАГИСТЕРСКИ И ДОКТОРСКИ ТРУДОВИ

Почитувани студенти,

Врз основа на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр.134/2020) и Одлуката од Наставно-научниот совет на Економски факултет– Прилеп, донесена на седницата одржана на 29.05.2020 година, Ве информираме дека:

„Се овозможува одбрана на дипломски работи и магистерски и докторски трудови со физичко присуство на студентите.

Се задолжуваат студентите, Комисиите и сите присутни лица да ги почитуваат мерките за задолжително физичко растојание од 2 метри, така што ќе седат на обележаните места во амфитеатарот/просторијата за одбрана. За времетрањето на одбраната присутните лица должни се да носат заштитни маски и ракавици.

На влезот на просторијата ќе бидат поставени средства за дезинфекција на раце и корпи за отпадоци со капак.

Просториите почесто да се проветруваат, по можност за време на одбраната и задолжително во текот на паузите.

По завршувањето на одбраната просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини.

При спроведувањето одбраните задолжително да се почитуваат важечките мерки и протоколи за спречување на внесување и ширење на коронавирусот Covid-19, донесени од Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.“

Економски факултет-Прилеп


ПРОТОКОЛ ЗА ПОЛАГАЊЕ КОЛОКВИУМИ И ИСПИТИ НА ПРВ, ВТОР И ТРЕТ ЦИКЛУС НА СТУДИИ

Почитувани студенти,

Врз основа на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр.134/2020) и Одлуката од Наставно-научниот совет на Економски факултет– Прилеп, донесена на седницата одржана на 29.05.2020 година, Ве информираме дека:

„Полагањето на испитите на прв, втор и трет циклус на студии и колоквиумите на прв циклус на студии во јунската и септемвриската испитна сесија во академската 2019/2020 година ќе се одвиваат со физичко присуство на студентите, а според Распоред определен од страна на Факултетот.

Се задолжуваат студентите при полагањето да ги почитуваат мерките за задолжително физичко растојание од 2 метри, така што ќе седат на обележаните места во амфитеатарот. На студентите нема да им се дозволи влез во факултетот доколку не носат заштитни маски и ракавици. За времетрањето на полагањата студентите должни се да носат заштитни маски и ракавици.

На студентите им се препорачува доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствуваат на факултет.

Прозивањето на студентите ќе се врши на влезот од факултетот, така што сите студентите се должни да држат физичко растојание меѓу себе од 2 метри.

На влезот на секој амфитеатар ќе бидат поставени средства за дезинфекција на раце и корпи за отпадоци со капак.

Просториите почесто да се проветруваат, по можност за време на полагањето и задолжително во текот на паузите.

За време на паузите се забранува групирање на присутните.

Се задолжуваат студентите и сите непосредно вклучени во процесот на завршно оценување да ги почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол).

При спроведувањето на испитите и колоквиумите задолжително да се почитуваат важечките мерки и протоколи за спречување на внесување и ширење на коронавирусот Covid-19, донесени од Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.“

Економски факултет-Прилеп


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НОСЕЊЕ НА ЗАШТИТНА ОПРЕМА

Почитувани, 

Ве известуваме дека согласно Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот covid-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба (Сл.весник на Р.С.Македонија бр.107/20), влезот во зградата на Економскиот факултет- Прилеп ќе биде дозволен само со носење на заштитна опрема на лицето. 

Вработените, студентите и сите останати посетители за време на целиот престој во згрaдата на Економскиот факултет-Прилеп задолжително треба да носат лична заштита на лицето.

Под лична заштита на лицето согласно Уредбата наведена во став 3 од член 1 на оваа одлука се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично). 

Да ја почитуваме уредбата и заедно да го сочуваме нашето здравје и здравјето на другите.

Универзитет ,,Св. Климент Охридскиˮ - Битола

Економски факултет – Прилеп


ИЗВЕСТУВАЊЕ

На 25 април 2020 година Универзитетот „Св. Климент Охрдски“ - Битола, нашиот УКЛО,  одбележува 41 година од своето основање.

И за првпат во своето постоење, Универзитетот, оваа своја годишнина ја дочекува во една ситуација без преседан, со затворени врати, празни аули, амфитеатри, предавални...

И за првпат е принуден да се прилагоди кон новонастанатата ситуација предизвикана од пандемијата со вирусот Covid-19 којашто радикално ги преобрази начините на нашето функционирање, работење, настава, учење.

Образованието е бит на секоја земја, секоја нација и тоа е и единственото оружје за соочување  со проблемите и тешкотиите. Овој глобален проблем има амбивалентно дејство врз образованието: истовремено го сруши традиционалниот систем на образование, но и покажа дека никогаш повеќе образованието нема да биде ограничувано со „физички“ зидови.

Соочен со овој предизвик, а особено со комплексноста на проблемите и прашањата кои имаат непосредно влијание врз функционирањето, УКЛО  се организира на најдобар можен начин за да може во континуитет да ја реализира својата есенцијална мисија, а особено да обезбедува квалитетна едукација.

Користејќи ги бенефитите на современата технологија, моќните платформи на  опцијата електронско учење  и,  во соработка со единиците во својот состав,   но и со проактивно вклучување  на целокупниот наставно-научен кадар, а секако и со активна импликација на студентите, демонстрирајќи притоа слух за нивните  иницијативи, УКЛО презеде сет од  активности во рамките на своите компетенции со цел  да бидат понудени одржливи и квалитетни решенија.

Што е само уште една потврда дека Универзитетот перманентно го гради и надоградува својот профил на најзначајна академска установа во Регионот. Современ, флексибилен, мобилен и проактивен универзитет што нуди квалитетно високо образование втемелено врз современи наставно-научни достигнувања и методологии за пренос на знаења и апликативни компетенции на студентите. Во праксата тоа значи посветеност и вложувањe во реализацијата на образовната и научна мисија, но и во квалитетот, автономијата, академската слобода и отвореност кон општествената заедница, кон Регионот, Европа и светот. Тоа значи и потпирање, одговорност и доследно следење на четиридецениската  традиција во којашто се вградуваат искуството, трудот, енергијата и ентузијазмот на претходни, сегашни и идни генерации.

Поаѓајќи од темелните поставки на својата авономија, паралелно следејќи ги современите текови, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола со својата лидерска регионална позиција најодговорно го реализира сопственото функционирање во сите сегменти, со посебен фокус кон ефикасното раководење, координирање, обезбедувањето квалитет, унапредувањето на административните сервиси и информациските и комуникациски технологии, кои им се на располагање на сите факултети.  Притоа настојува да  ги одржи и зајакне науката, истражувањето, но и трансферот на знаење и технологии кон опкружувањето, пошироката општествена заедница.

Со своите 12 членки УКЛО претставува интелектуална база за развој и воспоставување партнерски односи со значајни стопански субјекти и локални самоуправи во Регионот на своето делување. Секако, тука е и мошне значајната компонента како што е меѓународната соработка - со одржувње на  постоечката и градење нови мостови на соработка со универзитетите, се јакне мрежата чијашто примарна цел е да се овозможи мобилност на студентите и кадрите, но и трансфер на знаења, вештини и современи технологии.

Функционирајќи и во вакви, вонредни околности, сепак сме горди што оваа година ја одбележуваме 41-годишнината од основањето, што само по себе не е мала бројка и секако е голем успех, посебно во нашето турбулентно опкружување во коешто негувајќи ја традицијата, но со свртеност кон  современите текови - трендови и тенденции, успеваме да овозможиме континуитет во нашето делување.

 

До сите студенти, до сите наставно-научни кадри, до сите вработени на Универзитетот

 

Во суштината на секоја успешност значајно место припаѓа и на феноменот на припадност. Да се припаѓа на еден Универзитет, на еден специфичен академски систем на вредности, тоа значи да се споделуваат сите аспекти на   значењето, рејтингот, позиционираноста, влијанието и угледот.

Таа филозофија е вткаена во мисијата на секој успешен универзитет што сесрдно се труди на своите студенти пред сė да им го развие  тоа чувство што се темели на реалните достигнувања и угледот на сопствениот универзитет.

И, во контекстот на таа припадност посакуваме да се гордеете со нас како што ние се гордееме со вас, да ги зацврстуваме традицијата и вредностите на нашиот Универзитет затоа што во професионалната кариера на сите нас - академски и други кадри, но и бројни генерации на студенти,  тоа е и ќе остане нераскинлив дел од нашите животи.

СО БЛАГОДАРНОСТ  за поддршката, приврзаноста и енергијата со  која заедно во овој специфичен момент од нашето постоење  ги пребродуваме тешкотиите,  ги совладуваме препреките, ги надминуваме проблемите...

СО НАДЕЖ дека ќе ги споделуваме и победите, успесите, постигнатите резултати  и на тој начин ќе ги потврдуваме високите вредности на знаењето и вештините што ни ги пружа н Универзитетот....

СО ВЕРБА  да  продолжиме по патот во којшто најдобриот дел од себе го вградувале најдобрите. Овој пат не е лесен, но е единствениот можен, тоа е таа значајна спона  помеѓу она што претходело и она што допрва ќе доаѓа...

 

И, како што остатокот од историјата на Универзитетот ќе ја испишуваат генерациите кои доаѓаат и таа спона, тој континуитет ќе испишува сигурна иднина.

 

И со искрена надеж дека ќе бидеме дораснати на таквата одговорност.

 

Вашиот Универзитет, Вашата Алма Матер

Универзитет „Св. Климент Охридски„ - Битола

 


МЕЃУНАРОДЕН ПОВИК ЗА ПРОЕКТИ AUF COVID-19

Во рамките на својот Специјален план за активности COVID-19, AUF / Универзитетската Франкофонска заедница објавува меѓународен повик за проекти поврзани со пандемијата со цел да се поддржат иницијативите на студентите, идните инженери и млади истражувачи. Секоја иницијатива со технолошки, економски и/или социјален импакт на краток рок е конкурентна и има изгледи да се поддржи. Еден вонреден фонд од 500 000 евра е наменет за овој повик. Може да се финансираат проекти под 10 000 евра но и до 50 000 евра. Повикот е отворен до 3 мај 2020.

Како одговор на пандемијата COVID-19 со којашто се соочува светот, Универзитетската Франкофонска заедница (AUF), верна на своите вредности на солидарност и споделување, воспостави еден план на активности наменет за институциите членки и партнери. Помеѓу програмираните активности (Оска  IV – Активност 10),  AUF објавува вонреден меѓународен повик за проекти со забрзана и поедноставена постапка за поднесување, евалуација и селекција.

Овој повик е наменет за поддршка на бројните иницијативи поврзани со пандемијата кои се развиваат во универзитетската средина којашто е реактивна, инвентивна и одговорна и притоа се потпира на мрежите за соработка помеѓу студентите, наставниците, истражувачите што се особено иновативни и креативни. 

Целта е да се валоризира придонесот на универзитетите членки на AUF во развојот на решенија што имаат директен технолошки и/или социјален импакт за помош на здравствените системи и популациите при соочувањето со тешкотиите предизвикани од  COVID-19 пандемијата.

Секоја иницијатива што има технолошки, економски и/или социјален импакт на краток рок може да биде поддржана. Може да стане збор за понудено решение за помош или поддршкa, како и за изработка на некој производ.

На пример  (нецелосна листа) :

  • производство на материјали неопходни за нега, заштита или превенција од здравствени ризици (маски, ракавици, дезинфектанти, респиратори, опрема за брисеви),

  • активности во доменот на јавното здравство

  • развивање апликации

  • развивање алатки за помош при одлучувањето

  • комуникација и сензибилизација за превенција од здравствени ризици 

  • поддршка за ранливите и изолираните лица

  • превенција од психолошките и социо-економските последици од здравствената криза

  • борба против семејното насилство врз жените и децата во период на карантин/изолација.

Наспроти ургентноста на огромните потреби, AUF за овој повик наменува вонредни 500 000 евра.

Финансиски, доставениите проекти се поделени во 2 категории :

  • Проекти од категорија  A (проекти со директен технолошки,економски и/или социјален импакт) :

    • A1- предложени проекти во вредност помала од  10.000 евра

    • A2- предложени проекти во вредност помеѓу  10.000 и 20.000 евра

  • Проекти од категорија B (посебен проект со силен и особено иновативен импакт, со интер-регионална односно меѓународна димензија) :

    • B- предложени проекти до 50 000 евра

Краен рок за аплицирање е 3 мај 2020.

За пристап до интегралната верзија на повикот (pdf)  :

За симнување на формуларот со клик : cliquez ici

Превод на формуларот на македонски јазик: линк

За достава на проектот : https://formulaires.auf.org (претходно бесплатно регистрирање)

Секое барање за прецизирање може да биде испратено на следнава адреса до вторник, 28 април 2020 до 12.00 (европско време) : appel-covid19@auf.org


СООПШТЕНИЕ ЗА НАЧИН НА КОМУНИКАЦИРАЊЕ СО СТУДЕНТИ И ДРУГИ ГРАЃАНИ ЗА ВРЕМЕ НА МЕРКИ

Почитувани,

Согласно Правилникот за начинот на реализација на дејностa на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и единиците во неговиот состав, согласно мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19 и Одлуката на  Наставно-научниот совет на Економски факултет– Прилеп, донесена на седницата одржана на 03.04.2020 година, Ве известуваме дека:

„Комуникацијата со студентите и други граѓани, Економскиот факултет-Прилеп  ќе ја врши по електронски пат и тоа преку официјалната е-маил адреса на Факултетот и адресите на назначените контакт лица за административни (администраторот за ЕКТС- м-р Милан Спиркоски - mspsplit@yahoo.com) и за наставни прашања (продеканот за настава проф. д-р Димитар Николоски- dimitar.nikoloski@uklo.edu.mk).

Документацијата што ќе ја издава Факултетот, за време на мерките, ќе биде потпишана електронски или во материјална форма и скенирана ќе биде вратена на барателот.

Оригинална документација ќе се издава единствено доколку издадениот документ барателот треба да го приложи во друга институција, а институцијата тоа го бара.”

Економски факултет– Прилеп


СОООПШТЕНИЕ ЗА ИСПИТИ И КОЛОКВИУМИ

Почитувани студенти,

Согласно Правилникот за начинот на реализација на дејностa на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и единиците во неговиот состав, согласно мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19 и Одлуката на Наставно-научниот совет на Економски факултет– Прилеп, донесена на 03.04.2020 година, Ве информираме дека: полагањето на испитите и колоквиумите на прв, втор и трет циклус на студии ќе се реализира кога ќе се создадат услови, односно кога ќе бидат обезбедени соодветни технички решенија што овозможуваат идентификација и контрола на работата на студентите за време на полагањето, според распоред определен од страна на Факултетот, за што ќе бидете дополнително информирани.

Економски факултет– Прилеп


СООПШТЕНИЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ДИПЛОМИ И ПРОМОЦИИ

Почитувани студенти,

Врз основа на Правилникот за начинот на реализација на дејностa на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и единиците во неговиот состав, согласно мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19 и Одлуката на Наставно-научниот совет на Економски факултет– Прилеп, донесена на 03.04.2020 година, Ве известуваме дека:

“Се одложуваат постапките за издавање дипломи и додатоци на дипломи на студентите до повлекување на мерките, освен за дипломи и додатоци на дипломи од итен карактер.

Деканот може да одобри издавање на дипломи и додатоци на дипломи од итен карактер, врз основа на образложено барање, поткрепено со докази за причините за итност.

Одобреното барање од деканот се доставува до службите на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, за понатамошно постапување.

До повлекувањето на мерките, промоциите на дипломираните студенти нема да се одржуваат.”

Економски факултет– Прилеп


СООПШТЕНИЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ДИПЛОМСКИ РАБОТИ, МАГИСТЕРСКИ И ДОКТОРСКИ ТРУДОВИ

Почитувани студенти,

Врз основа на Правилникот за начинот на реализација на дејностa на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и единиците во неговиот состав, согласно мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19 и Одлуката од Наставно-научниот совет на Економски факултет– Прилеп, донесена на седницата одржана на 03.04.2020 година, Ве информираме дека:

„Роковите за изработка и поднесување на дипломска работа, како и магистерски и докторски труд се запираат и не течат додека траат мерките за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19.

Дипломските работи, магистерските и докторските трудови кои се наоѓаат во фаза за јавна одбрана, како и одбраната на темата и тезите на докторските трудови, можат да се вршат со користење на видеоконференциски платформи.  За спроведената одбрана се изготвува вообичаената документација предвидена со постапките за одбрани поткрепена со електронски доказ или фотодокументација од спроведената одбрана.

На барање на студентот, деканот на факултетот може да дозволи одбраната да се одложи до создавање на услови за нејзино нормално одвивање. Крајниот рок за започнатите постапки за одбрана, се продолжува за временски период од три месеци кој почнува да тече по истекот на периодот во кој важат мерките за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19.“

Економски факултет-Прилеп


ИНФОРМАТИВНИ ПОСТЕРИ/ПЛАКАТИ

Со информативни постери/плакати со хигиено-технички упатства и  упатства за постапување со куќни миленици, УКЛО и Општина Битола презедоа дополнителни активности за превенција од ширење на епидемијата и за заштита на јавното здравје. Заедничката иницијатива на ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, резултираше со изработка  на постери што содржат неопходни информации за хигиенски практики поврзани со храната и домашните миленици. Активноста е координирана од кризниот тим на УКЛО, притоа Факултетот за биотехнички науки и Ветеринарниот факултет  подготвија соодветни стручни текстови за превенција и заштита од Ковид 19, а стручната служба на УКЛО се погрижи за графичкиот дизајн. Локалната самоуправа истите ќе ги печати и дистрибуира на повеќе локации во општината.

Со изработката на плакатите за зашитита од пандемијата, УКЛО и Општина Битола ја потврдија својата взаемна соработка и во овој сегмент на заштита на јавното здравје како заедничка одговорност.


СООПШТЕНИЕ

Со оглед на моменталната ситуација со пандемијата на вирусот COVID19, а во согласност со препораките на Ректорскиот колегиум при УКЛО, се известуваат студентите на Економскиот факултет - Прилеп дека се одложува спроведувањето на првиот колоквиум. За термините за одржување на првиот колоквиум ќе бидите известени ДОПОЛНИТЕЛНО!


ON-Line НАСТАВА

Почитувани студенти, Ве известуваме дека Економскиот факултет - Прилеп ќе организира ON-Line настава за наставните дисциплини од летниот семестар. За таа цел секој студент најдоцна до 20.03.2020 год. треба да ги контактираат предметните наставници за вклучување во On-Line наставата, ЗАДОЛЖИТЕЛНО НА СЛЕДНИТЕ e-mail адреси:

aneta.risteska@uklo.edu.mk,

dejan.zdraveski@uklo.edu.mk,

dimitar.nikoloski@uklo.edu.mk,

dragica.odzaklieska@uklo.edu.mk,

gjorgji.manceski@uklo.edu.mk,

gligor.bishev@uklo.edu.mk,

goce.menkinoski@uklo.edu.mk,

gordana.trajkoska@uklo.edu.mk,

gordana.vitanova@uklo.edu.mk,

igor.zdravkoski@uklo.edu.mk,

ilija.hristoski@uklo.edu.mk,

karolina.ilieska@uklo.edu.mk,

kosta.sotiroski@uklo.edu.mk,

ljupce.markusoski@uklo.edu.mk,

ljupco.pecijareski@uklo.edu.mk,

margarita.janeska@uklo.edu.mk,

marjan.angeleski@uklo.edu.mk,

meri.boskoska@uklo.edu.mk,

miroslav.gveroski@uklo.edu.mk,

miroslav.andonovski@uklo.edu.mk,

monika.angeloska@uklo.edu.mk,

natasha.trajkova@uklo.edu.mk,

olivera.kostoska@uklo.edu.mk,

pece.nikolovski@uklo.edu.mk,

sasho.atanasoski@uklo.edu.mk,

slavica.roceska@uklo.edu.mk,

snezana.obednikovska@uklo.edu.mk,

snezana.salamovska@uklo.edu.mk,

tatjana.spaseska@uklo.edu.mk,

zoran.nikolovski@uklo.edu.mk,

nikola.dimeski@uklo.edu.mk,

spire.lazaroski@uklo.edu.mk,

renata.petrevska@uklo.edu.mk,

suzana.taleska@uklo.edu.mk,

fance.risteska@uklo.edu.mk


СЕ ПРЕКИНУВА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС ВО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ, ОСНОВНОТО, СРЕДНОТО И ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ, СЕ ЗАБРАНУВААТ МАСОВНИ ЈАВНИ НАСТАНИ И ОРГАНИЗИРАНИТЕ ПАТУВАЊА ВО ВИСОКО РИЗИЧНИТЕ ЗЕМЈИ

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, и ги донесе следните заклучоци: 1. Да се заострат мерките и активностите за превенција од ширење на корона вирусот. 2. Да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена. Се прекинуваат и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично. 3. За спроведување на оваа мерка еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, ќе бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски. 4. Да се забранат масовни собири и настани на отворен и затворен простор, како и сите културни настани и манифестации на територијата на Република Северна Македонија, со над 1000 учесници, во наредните 14 дена. Владата препорачува неодржување на јавни настани на кои се очекува присуство до 1000 учесници. 5. Да се забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 30 дена. 6. Да се воведе задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, во период од 14 дена (согласно листата на Светската здравствена организација). 7. Да се забрани извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители од Република Северна Македонија, освен со посебна дозвола која ја издава Министерство за здравство. 8. Да се препорача на возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз. 9. Да се препорача избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата од Светската здравствена организација. 10. Државната изборна комисија да ги ослободи од понатамошно учество во изборниот процес вработените од јавните здравствени установи и да бидат заменети со други лица. 11. Физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваа препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик. 12. Да се воведе health locator карта за сите летови и сите авиокомпании, односно образец кој ќе го пополнуваат патниците со податоци за полесно контактирање доколку за тоа се укаже потреба. 13. Да се забрани организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високо ризичните земји, како и од тие земји кон Република Северна Македонија. 14. Да се зајакне присуството волонтерите од Црвениот крст на Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за здравство, на сите гранични премини. 15. Целосно да се почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство кои се однесуваат на засилени хигиенски 16. Да се упати заклучок и препорака од страна на Владата на Република Северна Македонија до сите органи на државната управа и до едниците на локалната самоуправа за времен прекин од работни обврски (не одење на работно место и да останат во своите домови) за бремените жени и хроничните болни лица. 17. Сите јавни претпријатија и приватни компании што вршат јавен превоз на патници да вршат редовна дезинфекција на превозните средства. 18. Владата им препорачува на сите владини и државни институции, како и на јавните претпријатија да ги откажат сите патувања или да ги организираат предвидените состаноци преку интернет комуникацијата. 19. Се задолжуваат сите владини и државни институции, како и јавните претпријатија да воведат мерки за заштита и за дезинфекција во сите државни институции на влезовите во институциите. Оваа мерка Владата им ја препорачува и на компаниите од реалниот сектор.


НАСОКИ ЗА ИТНО ПОСТАПУВАЊЕ

Во согласност со Заклучокот на 11 Седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 25.02.2020 година, Министерството за образование и наука Ви ги доставува следните насоки за итно постапување:

1. ПРЕПОРАКА :
Владата на Република Северна Македонија ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, јавните научни установи, како и сите ученици и студенти ДОКОЛКУ во последниве 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е наредните две недели (започнувајќи од утре - 27.02.2020 година) да бидат ослободени од работни обврски и настава и да не доаѓаат на работно место односно учениците кои патувале во овие региони или живеат со некој кој патувал во овие региони да бидат ослободени од настава.
Доколку во училиштето има вработени или ученици кои патувале во наведените региони или живеат со некој кој патувал во овие региони, потребно е ВЕДНАШ да ги доставите следниве податоци:
- дали има такви лица,
- колку има такви лица,
- податоци за истите (име и презиме на вработениот/ученикот) на следнава емаил адреса emilija.jovanovska@mon.gov.mk

2. ЗАДОЛЖЕНИЕ:

- Се задолжуваат основните училишта, средните училишта, Универзитетите и Јавните научни установи да ги одложат сите планирани патувања и екскурзии во Република Италија.

- Се задолжуваат сите училишта до крајот на оваа недела да организираат еден едукативен час за превенција од Корона вирусот, а тоа значи почесто миење на рацете и превентивни мерки за хигиена, согласно препораките од Светската здравствена организација, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Владата на Република на Северна Македонија.

3. Министерството за образование и наука АПЕЛИРА континуирано да се следат насоките и препораките од Светската здравствена организација, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Владата на Република на Северна Македонија.
Повеќе информации за препораките и задолженијата од Владата можете да добиете на следниот линк: https://vlada.mk/node/20317


© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2024. Сите права задржани.