28 Октомври 2021
ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ ОД ВТОР ЦИКЛУС ДЕКА ПРИЈАВУВАЊАТА НА ИСПИТИТЕ ЗА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ ЗА НОЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА КЕ СЕ ВРШАТ ОД 29.10.2021 ДО 05.11.2021
13 Октомври 2021
Прелиминарна листа за упис на студенти на трет циклус на студии на студиската програма менаџмент во академската 2021/22 година во прв уписен рок
12 Октомври 2021
Согласно одлуката донесена од Наставно-научниот совет на ден 28.09.2021 год. при Економскиот факултет – Прилеп на студентите им е дозволен дополнителен испитен рок во зимскиот семестар во академската 2021/2022 година.
Пријавувањето на испитите ќе биде во периодот од 25 и 26 октомври 2021 година. (понеделник и вторник).
Притоа студентите ги уплаќаат потребните средства како би се стекнале со право на полагање на избраните предмети.
Студентите кои ќе положат предмети од повторно запишаните се стекнуваат со право да запишат нови предмети согласно правилата за студирање по ЕКТС.
За полагање се уплаќаат 300,00 денари за стекнување на право за полагање во дополнителниот испитен рок, 300,00 за секој испит посебно и 300,00 ден, плус ако испитот се полага повеќе од еднаш.
08 Октомври 2021
СООПШТЕНИЕ за студентите на ВТОР ЦИКЛУС на студии
Им се соопштува на студентите - запишани на втор циклус студии, дека во периодот од 12.10.2021 – 22.10.2021 год. ќе се врши упис и евиденција на непарните семестри (I и III).
06 Октомври 2021
Резултати од спроведено гласање на 5.10.2021 год. за избор на Претседател и членови на факултетско студентско собрание на Економски факултет - Прилеп