С О О П Ш Т Е Н И Е
Почитувани студенти,
НА 24.09.2020 год од 9 до 13 часот се организираат избори за членови и претседател на Факултетско студентско собрание во означените простории на Факултетот. Право на глас имате сите вие кои сте запишани во академската 2019/2020 година, и кои сте внесени во списокот на избирачи објавен на огласната табла.
При гласањето сите студенти запишани на студии во академската 2019/2020 година,
должни се со себе да носат студентски индекс, лична карта или пасош како би се
идентификувале. Студентите се должни да се придржуваат на протоколите за заштита
од Covid -19, да носат заштитни маски и ракавиц, да одржуваат растојание.
Битно е да учествувате во гласањето бидејќи така добивате можност да изберете ваши претставници во органите на факултетот!