Соопштенија


01 Септември 2020

04.09.20Се известуваат студентите од прв циклус студии дека во периодот од 31.08. до 20 година  ќе биде отворена анкетна сесија за студентската анкета во Ikow системот. Ве замолуваме студентските анкети, генерирани ви Ikow системот да ги пополните и испратите најдоцна до 15 септември.


01 Септември 2020

Почитувани студенти на втор и трет циклус,

Отворена е анкетна сесија за оценување на студиските програми на коишто студирате и наставно-образовната дејност на наставниците и соработниците.

Ве молиме да ги пополните анкетните листови што ќе ви се појават при најава на вашите профили во iKnow системот, најдоцна до 15 септември, 2020. Вашето мислење за работата на единицата на којашто студирате е од посебно значење за забележување и детектирање на недостатоците, но и предностите на студиите од втор, односно трет циклус и се зема во предвид при донесувањето одлуки за унапредување на квалитетот на работа и подобрување на условите за студирање, како на ниво на единица, така и на Универзитетско ниво.

Ви благодариме за одвоеното време!


31 Август 2020

Се известуваат студентите од трет циклус студии дека во периодот од 31.08. до 04.09.2020 ќе биде отворена анкетна сесија за студентската анкета во iKnow системот. Ве замолуваме студентските анкети генерирани во iKnow системот да ги пополните и испрататите најдоцна до 15 септември.


26 Август 2020

Им се соопштува на студентите кои го имаат пријавено испитот по деловен англиски јазик во септемвриска испитна сесија дека, испитот се одложува за 24.09.2020 год. во 09:30 ч.


26 Август 2020

Им се соопштува на студентите од Економскиот факултет – Прилеп дека запишувањето и заверувањето на предмети од непарен  семестар, за академската 2020/2021 година ќе се врши во периодот од 21.09.2020 година до 02.10.2020 година.


24 Август 2020

Конкурс за избор на факултетско студентско собрание и претседател

симни документ


18 Август 2020

Им се соопштува на студентите на втор циклус студии на Економски факултет - Прилеп, дека пријавувањето на испитите за септемвриска испитна сесија на втор циклус студии ќе се врши од 24.08. до 04.09.2020 год.

 


17 Август 2020

Им се соопштува на студентите од трет циклус студии дека пријавувањето на испитите за септемврискиот испитен рок ќе се врши од 24 до 27 август 2020 година. 


06 Август 2020

Им се соопштува на студентите од прв циклус дека пријавувањето на испитите во септемвриски испитен рок ќе се врши од 24 до 26 август 2020 год. во службата на студентски прашања. Испитите можат да се пријават и електронски преку IKNOW системот но задолжтелно да се достави и хартиена пријава до денот на полагање.


01 Јули 2020

Деловен англиски јазик - устен испит

Устен испит по предметот Деловен англиски јазик ќе се одржи во петок, 03.07.2020г., од 09:00 часот. Усниот испит ќе се спроведе преку Google Meet. Студентите кои имаат право и сакаат да го полагаат усниот испит да се најават на е-маил: nikola.dimeski@uklo.edu.mk најдоцна до четврток, 02.07.2020г. до 16:00 часот. По најавата на е-маил секој студент повратно ќе добие термин и линк за да се приклучи на испитот.

Забелешка: Усниот испит е задолжителен. Право на устен испит имаат сите студенти кои го имаат положено писмениот дел, односно имаат најмалку 51 поен по сите основи.

| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2024. Сите права задржани.