01 Октомври 2021
ДОПОЛНИТЕЛЕН КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА
29 Септември 2021
С О О П Ш Т Е Н И Е
за изведување на online настава
Им се соопштува на сите студенти дека наставата на Економски факултет-Прилеп во академската 2021/2022 година, во услови на пандемија со Covid-19, ќе се реализира според моделот: Настава за учење на далечина, што подразбира реализирање на часови со online присуство на студентите.
За таа цел ќе се користи платформата Google Classroom на која секој наставник ќе креира посебна училница за секој предмет што го предава.
Студентите се должни во текот на првата недела од зимскиот семестар да ги контактираат по e-mail предметните наставници каде што слушаат настава со цел да ги пријават во училниците.
Список на e-mail адреси на наставниците на Економски факултет-Прилеп:
dragica.odzaklieska@uklo.edu.mk
miroslav.andonovski@uklo.edu.mk
snezana.obednikovska@uklo.edu.mk
28 Септември 2021
СООПШТЕНИЕ
за одбрана на дипломски работи, магистерски трудови и докторски дисертации и во академската 2021/2022 година
Одбраната на дипломска работа, магистерски труд и докторска дисертација во услови на пандемија со Covid-19 во академската 2021/2022 година се реализира преку еден од следниве модели:
- Одбрана со физичко присуство
- Оnline одбрана
- Комбиниран модел на одбрана
Одбраната на дипломска работа, магистерски труд и докторска дисертација, што се организира со физичко присуство и комбиниран модел во вонредни услови се реализира во согласност со условите, протоколите и предвидените мерки за заштита на здравјето на луѓето.
Начинот на одбрана го утврдува комисијата во консултации со студентот.
28 Септември 2021
СООПШТЕНИЕ
за настава во академската 2021/2022 година
Се известуваат студентите дека наставата на Економски факултет-Прилеп во академската 2021/2022 година, во услови на пандемија со Covid-19, ќе се реализира според моделот: настава за учење на далечина, што подразбира реализирање на часови со Оnline присуство на студентите, при што, во договор помеѓу наставникот и студентите, на ист линк или платформа истовремено се вклучени наставникот и студентите со вклучена камера и микрофон, односно само камера или само микрофон.
Оnline наставата е интерактивна, и се остварува преку педагошка комуникација помеѓу наставникот и студентите во вид на конверзација од типот прашања и одговори, партиципација на студентите во поставување и решавање проблеми, истражување во текот на часот, критичка опсервација и елаборација и сл.
Поучувањето, учењето и студирањето може да се одвива и преку размена на материјали во електронска форма како што се: Word документи, PDF фајлови, видео материјали, аудио материјали, програми за учење, слики, цртежи и сл.
28 Септември 2021
СООПШТЕНИЕ
за испити во академската 2021/2022 година
Полагањето на испитите на прв, втор и трет циклус на студии и колоквиумите на прв циклус на студии во академската 2021/2022 година ќе се реализира со физичко присуство на студентите, во согласност соважечките протоколи за работа во затворен простор, испоред распоред определен од страна на Факултетот.
27 Септември 2021
Прв АКАДЕМСКИ ЧАС - Академска 2021 / 2022 година
СООПШТЕНИЕ
Почитувани идни студенти,
Ве известуваме дека на 01.10.2021 година (петок) со почеток во 11.00 часот во холот на Економски факултет- Прилеп ќе се одржи ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС.
Свечениот прв академски час ќе се одржи со физичко присуство при што ќе бидат почитувани сите мерки и протоколи за заштита и превенција од КОВИД-19.
По завршувањето на првиот академски час ќе бидат доделени индексите и договорите за студирање на запишаните студенти.
Ви посакуваме успех во Вашето студирање и Ве очекуваме на 01.10.2021 година.
Економски факултет-Прилеп
24 Септември 2021
ДОПОЛНИТЕЛЕН КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНАНА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА
23 Септември 2021
Соопштение
Усниот испит по предметот Деловен англиски јазик ќе се одржи во среда, 29.09.2021г. од 09:00 часот.
Усниот испит ќе се спроведe преку платформата Google Meet. Студентите кои имаат право и сакаат да го полагаат усниот испит потребно е да се најават на е-маил: nikola.dimeski@uklo.edu.mk најдоцна до понеделник, 27.09.2021г. По најавата, секој студент на е-маил повратно ќе добие термин и линк за да се приклучи на испитот.
Забелешка: Усниот испит е задолжителен. Право на устен испит имаат сите студенти кои го имаат положено писмениот дел и имаат најмалку 51 поен по сите основи.
Студентите кои e потребно да се јават или имаат потреба од консултации во врска со испитот да се најават на е-маил: nikola.dimeski@uklo.edu.mk најдоцна до сабота, 25.09.2021г. Консултациите ќе се спроведат на Google Meet на 27.09.2021г. (понеделник) од 09:00ч. По најавата, секој студент на е-маил повратно ќе добие термин и линк за да се приклучи.