Соопштенија


06 Септември 2021

Оглас за пријавување на кандидати за членови и претседател на Факултетското студентско собрание

симни документ


01 Септември 2021

Им се соопштува на студентите од Економскиот факултет – Прилеп дека запишувањето и заверувањето на предмети од непарен семестар, за академската 2021/2022 година ќе се врши во периодот од 20.09.2021 година до 01.10.2021 година.


01 Септември 2021

 

Повик за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата Академска 2021/2022 (летен семестар)
➡Времетраење на мобилноста
1️⃣ За студенти: еден семестар (студентите може да реализираат мобилност од збирно 12 месеци по циклус)
2️⃣ За кадри: пет работни денови со минимум осум часови настава
За академската 2021/2022, мобилноста на студентите и кадрите треба да се реализира најдоцна до 30 септември 2022 година.
Врз основа на потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерски институции од програмските земји, право на пријавување имаат:
• редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус, за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот
• академски и други кадри во редовен работен однос на УКЛО.
Студентите и кадрите се пријавуваат на мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции.
Потребни документи за пријавување на студенти
• Пополнет формулар за пријавување
• Потврда за редовен студент
• Уверение за положени испити
• CV (Europass формат)
• Мотивационо писмо
Потребни документи за пријавување на кадри
• Пополнет формулар за пријавување
• Потврда за редовен работен однос
• CV (Europass формат)
Сите документи се достапни на web страната на УКЛО во рубриката Меѓународна соработка/Еразмус+ (https://uklo.edu.mk/news/view/1519_).
Рок за пријавување (исклучиво за мобилност во текот на летниот семестар): 10 октомври 2021.
Контакт: проф. д-р Татјана Спасеска, Еразмус+ координатор на Економски факултет - Прилеп (tatjana.spaseska@uklo.edu.mk)


23 Август 2021

Насоки за постапување на единиците на УКЛО за време на пријавувањето / запишувањето на кандидати по Конкурс во прва година во академската 2021/2022 година

симни документ


20 Август 2021

Им се соопштува на студентите на Втор циклус кој што го одбраниле магистерскиот труд во периодот од 01.11.2019 до 31.09.2020, дека се изготвени дипломите и можат да си ги подигнат од Архивата на Факултет.

Економски факултет - Прилеп


20 Август 2021

Им се соопштува на студентите на Втор циклус дека пријавувањето на испитите за септемвриски испитен рок ќе се врши од 30.08.2021 до 03.09.2021 година

Економски факултет - Прилеп


09 Август 2021

Им се соопштува на студентите на трет циклус докторски студии од Економски факултет - Прилеп дека пријавувањето на испитите за септемврискиот испитен рок ќе се врши од 23.08.2021 год. до 27.08.2021 год.


09 Август 2021

Им се соопштува на студентите на трет циклус докторски студии од Економски факултет - Прилеп дека пријавувањето на испитите за септемврискиот испитен рок ќе се врши од 23.08.2021 год. до 27.08.2021 год.


16 Јули 2021

СООПШТЕНИЕ ЗА ИЗРАБОТКА И ПОДИГНУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРС ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ ВО СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ

Почитувани студенти,

Согласно Конкурсот за прием на студенти во студентски домови, а поради користење на колективен одмор на вработените на Економски факултет– Прилеп, Ве информираме дека потребните документи за конкурсот за прием на студенти во студентски домови ќе може да ги подигнувате од Факултетот на 09, 17, 18, 19 и 20 август во периодот од 09:00 до 12:00.

Економски факултет-Прилеп


13 Јули 2021

Им се соопштува на студентите од Економскиот факултет – Прилеп дека пријавувањето на испитите за септемврискиот испитен рок ќе се врши од 23.08.2021 год. до 27.08.2021 год.13.07.2021 год

Служба за студентски прашања

| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2024. Сите права задржани.