Соопштенија


09 Мај 2021

Фондот за иновации и технолошки развој организира online инфо сесија за презентација на инструментот за поддршка - Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф компании. Настанот ќе се одржи на 11-ти Мај (Вторник) од 11:00 часот преку zoom платформата Линк за пристап до online инфо сесија (Zoom): https://us02web.zoom.us/j/88116683476 Meeting ID: 8811668 3476 Passcode: 580925 https://fitr.mk/startapuvaj3


05 Мај 2021

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ

Им се соопштува на студентите од прв циклус студии (четврта година) и втор циклус студии, дека од 10ти до 18ти мај започнува фотографирање за на студентско табло 2020/21 година. Поради почитување на мерките и препораките за заштита од COVID-19, процесот ќе се одвива по следниот протокол и термини:

-          Фотографирањето за студентите од прв циклус студии започнува од 10ти до 15ти мај,  од  14ч до 17ч со задлжителна опрема за заштиата од COVID-19.

-          Фотографирањето за студентите од втор циклус студии продолжува на 17ти и 18ти мај од 14ч до 17ч, со задолжителна опрема за заштита од COVID-19

За доплонителни информации обратете се на следната e-mail адреса: angela.mitreska@uklo.edu.mk

 

Со почит,

Факултетско студентско собрание при Економски факултет - Прилеп


29 Април 2021

СООПШТЕНИЕ ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ

Дополнителниот испитен рок на втор циклус на студии во летен семестар (Априлска сесија) кој беше прекинат заради вонредната состојба ќе продолжи на 5 мај според објавениот нов распоред


29 Април 2021

СООПШТЕНИЕ ТРЕТ ЦИКЛУС НА СТУДИИ

Дополнителниот испитен рок на трет циклус на студии во летен семестар (Априлска сесија) кој беше прекинат заради вонредната состојба ќе продолжи на 5 мај според објавениот нов распоред


28 Април 2021

Дополнителниот испитен рок во летен семестар кој беше прекинат заради вонредната состојба ќе продолжи на 5 мај според објавениот нов распоред.


21 Април 2021

Се известуваат студентите кои ги имаат положено  предметите  Маркетинг  и Маркетинг на услужни дејности  дека   оценки можат да земат на ден 26.04.2021 година  (понеделник)  во 10:00 часот .

Предметен наставник 

Проф.д-р Каролина Илиеска


20 Април 2021

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека сите испити од прв, втор и трет циклус на студии кои  се одложени поради донесените рестриктивни мерки ќе се одржат во мај, за што дополнително ќе биде објавен нов распоред.

Економски факултет-Прилеп

 


15 Април 2021

Повелете на уште едно гостувачко предавање овој семестар - Виолета Вукелиќ, Менаџер за човечки ресурси во интернационалната компанија DSSmith, следниот четврток, 15-ти Април 2021 од 8.30-10.30 часот, на час по Менаџмент со Човечки Ресурси.



06 Април 2021

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека согласно новите мерки донесени од Владата на 05.04.2021 година, а кои се со важност за периодот од 06 до 20 април, како и информацијата од Кризниот штаб на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, испитите кои се планирани да се одржат со физичко присуство во истиот период се одлагаат.

Дополнително ќе бидете известени за новиот распоред за одржување на испитите.

 

Економски факултет-Прилеп

 


31 Март 2021

Почитувани,

На 02.04.2021 година во 10:00 часот  ќе се одржи онлајн јавна одбрана на дипломскиот  труд на апсолвентот Марија Костадиновска, на следната тема:

Креативни техники за креирање иновативна клима во бизнисот “, по предметот  Вовед во бизнис.

Линкот за присуство на одбрана на дипломскиот труд е следниот:

meet.google.com/ogj-tizu-unk

| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2024. Сите права задржани.