30 Март 2021
Почитувани,
На 02.04.2021 година во 11:00 часот ќе се одржи онлајн јавна одбрана на дипломскиот труд на апсолвентот Аргиновска Габриела, на следната тема:
„Предизвиците на жените претприемачи за успешен бизнис“, по предметот Вовед во бизнис.
Линкот за присуство на одбрана на дипломскиот труд е следниот:
meet.google.com/arx-fevh-qek
25 Март 2021
Во следните термини:
(29.03.2021) во 12 часот, и
(01.04.2021) во 10 часот ќе може да се впишат оценките по Основи на економија во индекс. Заради Covid-протоколите ќе мора времето доследно да се почитува и да не се доцни.
Алтернативно, кандидатите кои ќе полагаат Математика или Вовед во бизнис, може да им ги предадат индексите во текот на самиот испит, директно на Деспина Звездакоска или на Елена Чакалар (демонстраторките кои ќе чуваат на тие испити). Тие ќе Ве упатат кога да си ги земете индексите и каде по завршувањето на испитот. Земањето на оценка не мора да биде лично.
19 Март 2021
ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТИДИИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА АПРИЛСКА СЕСИЈА ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 29.03. ДО 01.04.2021 ГОДИНА.
11 Март 2021
Размислувате за професионален почеток на вашата кариера?
Сакате да се развивате, да стекнете практично искуство и да ги покажете своите таленти!
Вклучете се во Smart Start програмата на Македонски Телеком. Учете од врвни експерти, споделувајте идеи и бидете дел од тимот којшто ја креира дигиталната иднина.
Smart Start програмата на Македонски Телеком за студентите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, ќе се одржи на:
17-ти март 2021 г. во 12:00 часот,
Вклучете се на WebEx настанот, преку следниот линк:
https://mktelekom.webex.com/mktelekom/onstage/g.php?MTID=e2411331046ad1b1488920ce700447f49
лозинка 1111
Дознајте што нуди Smart Start програмата и како можете да аплицирате за проектите.
Дотогаш, приклучете се на Facebook групата Smart Start во Македонски Телеком: http://bit.ly/3kqkvop
11 Март 2021
ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТИДИИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА АПРИЛСКА СЕСИЈА ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 29.03. ДО 31.03.2021 ГОДИНА.
03 Март 2021
Согласно одлуката донесена од Наставно-научниот совет на ден 12.02.2021 год. при Економскиот факултет – Прилеп на студентите им е дозволен дополнителен испитен рок во летниот семестар во академската 2020/2021 година.
Пријавувањето на испитите ќе биде во периодот од 25 и 26 март 2021 година. (четврток и петок).
Притоа студентите ги уплаќаат потребните средства како би се стекнале со право на полагање на избраните предмети.
Студентите кои ќе положат предмети од повторно запишаните се стекнуваат со право да запишат нови предмети согласно правилата за студирање по ЕКТС.
За полагање се уплаќаат 300,00 денари за стекнување на право за полагање во дополнителниот испитен рок, 300,00 за секој испит посебно и 300,00 ден, плус ако испитот се полага повеќе од еднаш.
26 Февруари 2021
Им се соопштува на дипломиранитe студентите кои дипломирале до 30.09.2020 година дека дипломите за завршен факултет можат да си ги подигнат од службата за студентски прашања.