Соопштенија


15 Февруари 2021

Во договор со студентите, часовите по предметот Бренд менаџмент ќе се одржуваат во четврток од 4 до 9 час. Оние студенти на кои што овој предмет им е задолжителен, сеуште не се приклучиле кон класот на Google Classroom во најкраток рок да се приклучат, за да се вклопат во активностите во рамките  на предметот


15 Февруари 2021

Им се соопштува на студентите од трет циклус студии на Економскиот факултет – Прилеп дека запишувањето и заверувањето на предмети од летен  семестар, за академската 2020/2021 година ќе се врши на 25.02.2021 и 26.02.2021 година.


15 Февруари 2021

Се известуваат студентите кои ги имаат положено  предметите Сметководство и Финансиски пазари и институции   оценки можат да земат на ден 01.03.2021 година во 10:00 часот .

Предметен наставник 

Проф.д-р Гордана Витанова 


15 Февруари 2021

Консултации во врска со објавените резултати по предметот Инвестициски менаџмент, на e-mail со предметниот наставник (miroslav.gveroski@uklo.edu.mk) и тоа Понеделник (15.02.2021) и Вторник (16.02.2021).

 

Со Почит,

проф. д-р Мирослав Гвероски


11 Февруари 2021

Деловен англиски јазик - устен испит

Усниот испит по предметот Деловен англиски јазик ќе се одржи во понеделник, 15.02.2020г. од 11:00 часот.  

Усниот испит ќе се спроведи преку Google Meet. Студентите кои имаат право и ќе го полагаат усниот испит потребно е да се најават на е-маил: nikola.dimeski@uklo.edu.mk најдоцна до утре, пекот 12.02.2021г. до 20:00 часот. По најавата, секој студент на е-маил повратно ќе добие термин и линк за да се приклучи на испитот.

Забелешка: Усниот испит е задолжителен. Право на устен испит имаат сите студенти кои го имаат положено писмениот дел и имаат најмалку 51 поен по сите основи.


09 Февруари 2021

Им се соопштува на сите студенти дека во услови на пандемија со Covid-19 наставата на Економски факултет-Прилеп во летниот семестар од 2020/21 година ќе се реализира online. За таа цел се користи платформата Google Classroom на која секој наставник има креирано посебна училница за секој предмет што го предава.

Студентите се должни во текот на првата недела од летниот семестар да ги контактираат по e-mail предметните наставници каде што слушаат настава со цел да ги пријават во училниците.


aneta.risteska@uklo.edu.mk 

dejan.zdraveski@uklo.edu.mk

dimitar.nikoloski@uklo.edu.mk

dragica.odzaklieska@uklo.edu.mk

gjorgji.manceski@uklo.edu.mk

goce.menkinoski@uklo.edu.mk

gordana.trajkoska@uklo.edu.mk

gordana.vitanova@uklo.edu.mk

igor.zdravkoski@uklo.edu.mk

ilija.hristoski@uklo.edu.mk

karolina.ilieska@uklo.edu.mk

kosta.sotiroski@uklo.edu.mk

ljupce.markusoski@uklo.edu.mk

margarita.janeska@uklo.edu.mk

marjan.angeleski@uklo.edu.mk

meri.boskoska@uklo.edu.mk

miroslav.gveroski@uklo.edu.mk

miroslav.andonovski@uklo.edu.mk

monika.angeloska@uklo.edu.mk

natasha.trajkova@uklo.edu.mk

olivera.kostoska@uklo.edu.mk

pece.nikolovski@uklo.edu.mk

sasho.atanasoski@uklo.edu.mk

slavica.roceska@uklo.edu.mk

snezana.obednikovska@uklo.edu.mk

snezana.salamovska@uklo.edu.mk

tatjana.spaseska@uklo.edu.mk

zoran.nikolovski@uklo.edu.mk

nikola.dimeski@uklo.edu.mk

fance.risteska@uklo.edu.mk

renata.petrevska@uklo.edu.mk

suzana.taleska@uklo.edu.mk

 


03 Февруари 2021

Им се соопштува на студентите од Економскиот факултет – Прилеп дека запишувањето и заверувањето на предмети од парен  семестар, за академската 2020/2021 година ќе се врши во периодот од 08.02.2021 година до 26.02.2021 година.


03 Февруари 2021

Почитувани,

 

На 04.03.2021 година во 13 часот ќе се одржи јавна онлајн одбрана на дипломски труд на апсолвентот Христијан Марковски, на тема 

"ВЛИЈАНИЕТО НА КОРОНА КРИЗАТА ВРЗ ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА КОМПАНИИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И КОРИСНИ МАРКЕТИНГ ПРАКТИКИ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА"

по предметот управување со промени.

Отворениот линк за присуство на дипломската ќе биде доставен во ова соопштение навремено и јавно еден час пред одбраната. 

https://meet.google.com/zwc-fvth-dpg


28 Јануари 2021

Се информираат студентите кои ги слушаат предметите Ревизија и Меѓународни Сметководствени Стандарди дека Консултациите и Увидот во писмените по двата предмети ќе се реализираат  на ден 29.01.2021 година (петок) од 09:00 до 09:30 часот кај предметниот професор

 

Предметен професор

Проф.д-р. Пеце Николовски


26 Јануари 2021

Економски факултет – Прилеп распишува,

О Г Л А С

за избор на 1 (еден) демонстратор

Се распишува конкурс за ангажирање на 1 (еден) демонстратор од областите: маркетинг и менаџмент за  академската 2020/2021 година.

За демонстратор може да биде избрано лице кое е студент на втор или трет циклус на студии, кој студиите од првиот циклус (додипломските студии) ги завршил со просечна оцена од најмалку 8,00 (осум) и кој ги исполнува и следниве посебни услови:

-         Да има добиено две препораки од наставници на Факултетот,

-         Да поседува комуникациски вештини,

-         Да има познавања од MS Office и

-         Да познава еден странски јазик.

Кандидатите поднесуваат: пријава со назнака за која област конкурираат, контакт телефон и емаил, кратка биографија, диплома за завршено високо образование, односно уверение за вкупниот просечен успех, доказ дека се студенти на втор или трет циклус на студии, препораки од наставници, доказ за познавање на MS Office и доказ дека познава еден странски јазик.

За пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите ќе биде организирано интервју.

Огласот трае 8(осум) дена од денот на објавувањето (до 03.02.2021 година)

Пријавите се доставуваат до Економски факултет–Прилеп, по пошта на адреса ул.”Прилепски Бранители” бр.143 или лично во архивата на Факултетот.

 

26.01.2021 год.                             Економски факултет - Прилеп

| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2024. Сите права задржани.