Стојаноски д-р Лазар е роден во Прилеп во 1952 година. Дипломирал на Економскиот факултет-Прилеп,на економско-комерцијалната насока, во 1976 год., а магистрирал на Економскиот факултет во Скопје во 1985 год., на тема “Модели за предвидување на производството на некои квалитетни групи цигари од производната програма на Тутунски комбинат – Прилеп“. Докторската дисертација под наслов “ Оптимализација на залихите како фактори на економската стабилност, со посебен осврт на управувањето со залихите со стохастички карактеристики“ ја одбранил на Економскиот факултет- Прилеп во 1992 год. Изборот во звањето редовен професор е извршен во 1992 год., а области на научна преокупација му се : управувањето, одлучувањето и статистиката. Ангажиран е на предметот кибернетска организација на управување во претпријатијата и има солиден научноистражувачки бекграунд.
Системско управување и одлучување во економските процеси
Придњепровска државна академија – Р. Укарина
1) “Моделирање на екстремните вредности на временските серии во маркетингот со посебен осврт во предвидувањето на продажбата на цигари”. 51. сесија на Меѓународниот институт за статистика, Истанбул, 18-26 август, 1997 год. 2) “ Disigning an optimum organization in production of Virgbuja tabacco in the Republic of Macedonia” Меѓународен конгрес на Coresta, Букурешт, Р. Романија, 12-17 октомври 2003 година, 3) “Sone characteristics of the Virginia tabacco propuction the Republic Macedonia” Меѓународен симпозиум, Пловдив, Р. Бугарија, 2-4 ноември 2004 ,