ред. проф. д-р Мирослав Гвероски


Материјали


Кабинет Локак Дир. телефон 048 40 27 37 Email mgveroski@yahoo.com Консултации Консултации понеделник и петок од 10 до 12 часот

Биографија

Гвероски д-р Мирослав е роден на 27.02.1971 година во Прилеп. Дипломирал на Економскиот факултет- Прилеп, на насоката Економија на претпријатија, во 1994 год. Постдипломските студии, исто така, ги завршува на Економскиот факултет- Прилеп, магистрирајќи во 1999 год. на тема : “Варијантни истражувања за оптимални инвестициони вложувања на претпријатието во инвестиционите активности “. Докторирал во 2003 год. на Економскиот факултет- Прилеп, одбранувајќи ја докторската дисертација на тема : “Долгорочни ефекти од странски инвестиции, со посебен осврт на Република Македонија”. Последниот избор во звањето доцент му е извршен во 2004 год. на предметот економика на инвестициите со развој. Области на научна преокупација му се : економика на инвестиции, економски развој.

Трудови и конф.

1. ”Странските инвестиции во Република Македонија – услов за вклопување во меѓународната поделба на трудот”, коавторство со проф. д-р Божидар Герамитчиоски, Сметководствено – финансиска ревија, бр. 9/97, Сојуз на сметководители, финансисти и ревизори на Република Македонија;

2.”Множеството разновидни инвестициони мотиви – како движечки сили на развојот”, коавторство со проф. д-р Божидар Герамитчиоски, Меѓународен научен симпозиум “Алтернативите на развојот во земјите од Југоисточна Европа – економски и социјални аспекти”, во организација на Економскиот факултет – Прилеп, декември 1998г.;

3.”Оригиналните инвестициони идеи – погодност за малите бизниси и самовработувањето”, коавторство со проф. д-р Божидар Герамитчиоски, дискусија, Научен собир “Развојните перспективи и малите бизниси во Македонски Брод” – М. Брод, 10 април 1998 г., Фон¬¬дација “Фридрих Еберт”, Канцеларија Скопје, Скопје, јануари 1999.;

4.”Афирмирање на предностите на малите и средните претпријатија – можност за реализирање на инвестиционите идеи и динамизирање на развојот”, коавторство со проф. д-р Божидар Герамитчиоски, Меѓународен симпозиум “Современите процеси на економскиот развој во земјите од Југоисточна Европа”, Економски факултет – Прилеп, декември 2000 год.

5. “Улогата на странските инвестиции во развојот на земјите во транзиција”, коавторство со проф. д-р Божидар Герамитчиоски, Меѓународен симпозиум “Регионалната соработка и економскиот развој”, Економски факултет – Прилеп, јуни 2003 год.

6.”Основни и дополнителни мотиви на странските инвестиции”, во коавторство со проф. д-р Божидар Герамитчиоски, Годишник на Економскиот факултет – Прилеп, 2000 год.

7. “Варијантни истражувања за инвестирање на расположливиот капитал”, во коавторство со проф. д-р Божидар Герамитчиоски, Годишник на Економскиот факултет – Прилеп, 2001 год. (во печат); 8. “Развојот и странските инвестиции (реалност или разочарување) – случајот на Централна и Источна Европа” Годишник на Економскиот факултет – Прилеп, 2002 год. (во печат);

© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2024. Сите права задржани.