УПИСИ 2021/22


РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-ПРИЛЕП

Пријавувањето и запишувањето на кандидатите во првиот, вториот и третиот уписен рок на сите единици на Универзитетот, се врши во следниве термини:

 

Прв уписен рок

Втор уписен рок

Трет уписен рок

Пријавување на

кандидатите

30 и 31.08 и 01.09.2021

15 и 16.09.2021

27.09.2021

Претходна проверка на

знаењата на англиски јазик*

02.09.2021

17.09.2021

27.09.2021

Објавување прелиминарна

ранг-листа

06.09.2021

20.09.2021

28.09.2021

Објавување решение за

прием на кандидатите

09.09.2021

22.09.2021

30.09.2021

Запишување на кандидатите

10 и 13.09.2021

24.09.2021

01.10.2021

Универзитетот, по потреба, ќе спроведе и дополнителен уписен рок.


НАСОКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ НА ЕДИНИЦИТЕ НА УКЛО ЗА ВРЕМЕ НА ПРИЈАВУВАЊЕТО / ЗАПИШУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИ ПО КОНКУРС ВО ПРВА ГОДИНА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА


ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.uklo.edu.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

При пријавувањето за запишување на единиците на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

При    пријавувањето    за    запишување    на    единиците    на    Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

1.   Пријава за запишување

2.   Оригинални свидетелства од сите класови

3.   Оригинално свидетелство за завршено средно образование

4.   Документ-диплома за положена државна матура

5.   Извод од матичната книга на родените

6.   Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)

7.     Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава III, точка 3

8.   Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо образование поднесуваат соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата за паралелно студирање поднесувааат и соодветно уверение за статус на студент на сроден факултет, студиска група или насока

9. Кандидатите кои конкурираат по глава II точка 2 став 3 алинеа 1 и 4 поднесуваат и документ од Агенцијата за вработување на РСМ дека се невработени

10.   Кандидатите кои конкурираат како странски државјани ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава V, точка 3 и 4

11.   Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот – високата школа за манипулативни трошоци

12.   Потврда за уплатени 50 денари за административна такса 

Напомена: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите пред пријавувањето, да направат преписи од документите за своите потреби.

Кандидатите при пријавувањето на единицата на Универзитетот доставуваат:

  • документи од претходното образование во оригинална форма (овие документи времено се задржуваат на единицата, а потоа му се враќаат на студентот),
  • незаверени копии од документите од претходното образование (што остануваат во досието на студентот).

ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

При запишувањето во прва година на прв циклус студии, примените кандидати поднесуваат:

1. индекс и студентска легитимација

2. три фотографии (2 – 3,5х4,5см. и 1 - 2х3см.)

3. пријавни листови

4. Потврда за уплатени 200 денари наменски средства за културно-уметнички потреби на студентите, банка НБРСМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678867, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто 723012, програма 42

5. Потврда за уплатени 300 денари за студентски гласила и за други потреби на студентите во наставно-образовниот процес, банка НБРСМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678848, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто 723012, програма 42

6. Потврда за уплатени 1000 денари за функционирање и развој на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, банка - НБРСМ на трезорска сметка: 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678852, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто: 723012 Програма 42

7. Потврда за уплатени средства за партиципација или за школарина на жиро сметката на соодветната единица на Универзитетот.


КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА


КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА


КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ТРЕТ ЦИКЛУС - ДОКТОРСКИ СТУДИИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА


ПРИЈАВА НА КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ ВО АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОДИНА


УПЛАТНИЦИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

XXX СЕ ЗАМЕНУВА СО СООДВЕТНАТА ОЗНАКА ОД СПИСОКОТ НА ОПШТИНИ СО ОЗНАКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СПОРЕД ЖИВЕАЛИШТЕТО НА СТУДЕНТОТ

ПРЕВЗЕМИ ТУКА

 

 

 

ПО ИЗБОР НА СТУДЕНТОТ




© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2024. Сите права задржани.